Connect with us

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).

„Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7 отсто, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек”, соопшти Народната банка.

Вкупните депозити во мај годинава, се истакнува во соопштението, останаа непроменети споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4 проценти, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства”.

„Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”. Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор”, се нагласува во соопштението од Народната банка.

Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1% на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти.

„Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари”, нагласуваат од Народната банка.

Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2% во мај во однос на претходниот месец.

„Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Годишниот раст изнесува 4,5 отсто и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари”, прецизираат од Народната банка.

Нагласуваат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 проценти, а станбените од 1,2%, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 проценти.

„Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 проценти”, посочуваат од Народната банка.

НБРМ

Оваа недела ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 30 јуни 2022 година (четврток), со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“ од Димитар Фуна, кој е добитник на Годишната награда на Народната банка. По презентaцијата на трудот, предвидена e  дискусија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно