Connect with us

НБРМ

Народна банка: Вкупните депозити се непроменети, продолжува растот на кредитирањето

Објавено

на

Во април 2020 година, паричната маса бележи раст од 0,7% на месечна основа, што се должи на растот на готовите пари во оптек и краткорочните депозити, во услови на пад на долгорочните депозити до две години и депозитните пари. На годишна основа, паричната маса е повисока за 6,8%, под влијание на растот кај депозитните пари, готовите пари во оптек и краткорочните депозити, при остварен пад кај долгорочните депозити до две години, соопшти Народната банка во најновиот извештај за монетарните движења.

Вкупните депозити, во април, се непроменети во споредба со претходниот месец, при намалување на депозитите на корпоративниот сектoр, а истовремен раст на депозитите на секторот „домаќинства”. На годишна основа, вкупните депозити бележат зголемување за 6,3%, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот „домаќинства“.

Кај вкупните кредити, во април, е остварен месечен раст од 0,2%, којшто при пад на кредитирањето на „домаќинствата“, во целост е резултат на повисокото кредитирање на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, растот на кредитите изнесува 5,5% и е под влијание на зголеменото кредитирање на банките на двата сектора, со повисок придонес на секторот „домаќинства“.

Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 6,9 отсто на годишно ниво.

На годишна основа депозитите на корпоративниот сектор и на секторот домаќинства се зголемени 6,5 и 7,8 отсто, соодветно.

На годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 2 отсто. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 4 отсто.

Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2 отсто.

НБРМ

Народна банка: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, кај депозитите е непроменета

Објавено

на

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, а просечната каматна стапка на вкупните депозити е непроменета на месечна основа, покажува најновото соопштение на Народната банка за позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Граѓаните и компаниите сè повеќе од плаќањата во земјата ги вршат преку користење на кредитните трансфери и платежните картички

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа редовна седница на којашто ја разгледа Годишната информација за плаќањата во 2019 година. Податоците презентирани во Информацијата потврдуваат дека граѓаните и компаниите сè повеќе од плаќањата во земјата ги вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички. Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7%, при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери. Во однос на кредитните трансфери, во рамки на Годишната информација нагласено е дека електронските кредитни трансфери растат засилено во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија. При годишен раст од 5,2% на вкупните кредитни трансфери минатата година, електронски иницираните кредитни трансфери растеа побрзо со стапка од 6,2% во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија, коишто се зголемија за 4,4%. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Препораки од Народната банка во врска со исплатата на мајските пензии

Објавено

на

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на мајските пензии, Народната банка апелира: (more…)

Продолжи со читање

Популарно