Connect with us

НБРМ

Народната банка ќе ги обнови оштетените банкноти со нови на кои ќе го има новото уставно име

Објавено

на

Придавката „Северна“ на новите банкноти ќе ја чини Народната банка 2,2 милиони евра. Руското акционерско друштво „Гознак“ ќе ги изработува книжните пари од 100 апоени, a за услугата ќе наплати 400.000 евра.

За банкнотите од 1.000 и 2.000 денари, се уште се бара најповолна понуда, откако првиот тендер беше поништен. Новиот рок, за кога е закажано јавно отворање на понудите истекува на 20-ти септември. За нивна изработка, Централанта банка ќе треба да плати нешто над 1,7 милиони евра.

На банкнотите наместо Народна банка на Република Македонија ќе треба да пишува Народна банка на Реублика Северна Македонија. Треба да бидат изработени за 10 месеци, што значи дека новите денари ќе бидат пуштени во оптек од средината на идната година.

Од Народната банка тврдат дека станува збор за редовна постапка која се должи на замената на застарени и искинати банкноти.

„Издавањето нови серии банкноти во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари беше планирано уште пред неколку години, врз основа на среднорочните анализи за количини што се потребни заради редовна замена на книжните и кованите пари од постојните изданија, кои ги изгубиле карактеристиките за соодветност за оптек”, велат од Народната банка, од каде додаваат дека согласно Уставот, сега мора да стои променетото име на државата, односно Република Северна Македонија.

Во просек годишно банките како несоодветни за оптек на Народната банка и враќаат околу 8 милиони парчиња книжни и ковани пари од сите апоени и како такви се повлекуваат од употреба. Само физичките лица, односно граѓаните лани и доставиле 3,500 парчиња оштетени денари.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно