Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Народната банка ја додели Годишната награда за 2019 година

Објавено

на

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2019 година. Нејзин добитник е м-р Тереза Кочовска, наградена со прва награда за трудот „Меѓусебното дејство на условната (најниско прифатливата) плата и траењето на невработеноста: Емпириски докази од Македонија“.

Денес во Народната банка се одржа свечена средба со Кочовска, на којашто гувернерката, д-р Анита Ангеловска-Бежоска ѝ ја врачи наградата. Притоа таа изрази задоволство што на конкурсот за оваа година пристигнаа најголем број трудови, во споредба со изминатите неколку години.

„Но кога е во прашање науката, мораме да имаме предвид дека не е важен само квантитетот, туку пред сѐ квалитетот на трудовите. Ме радува што според заклучокот на Одборот за стручно оценување на пристигнатите трудови, тие се одликуваат со солиден квалитет. Тоа е уште една потврда дека во нашата средина има не мал број млади кадри коишто поседуваат знаења и способности со коишто во времето што е пред нас, може и треба да бидат двигатели на научната мисла во сферата на економија. Млади истражувачи коишто треба да ги поддржиме во нивните потфати, за својот потенцијал да го вложат во унапредување на нашата наука. Народната банка катадневно се обидува преку различни форми да им даде што поголема поддршка. Годишната награда е само една од тие форми, преку кои настојуваме да дадеме придонес не само во поттикнувањето на истражувачката активност, туку и за подигнување на квалитетот на макроекономските истражувања во земјава.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата, членовите на Одборот за стручно оценување на пристигнатите трудови, меѓу другото нагласија дека трудот на Тереза Кочовска се одликува со конзистентност, релевантност и актуелност, како и дека е оценет со највисока просечна оценка и од сите нив одделно. Истовремено, тие потсетија дека оценувањето на трудовите беше спроведено анонимно, без сознание кои се нивните автори, со придржување до однапред утврдените критериуми со кои се гарантира сеопфатен и темелен пристап при анализирањето на секој пристигнат труд.

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла во земјава, како и заради афирмација на младите стручни кадри, Народната банка ја доделува Годишната награда веќе тринаесет години, во рамки на чествувањето на годишната од монетарното осамостојување на земјава. Конкурсот за годинешната Награда беше објавен кон средината на минатата, а трудовите се доставуваа до 1 февруари оваа година. Право на учество имаа авторите од земјава на возраст до триесет и пет години, при што секој автор можеше да конкурира само со еден труд, којшто задолжително требаше да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема.

Наградениот труд „Меѓусебното дејство на условната (најниско прифатливата) плата и траењето на невработеноста: Емпириски докази од Македонија“ ќе биде презентиран и на сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса со Тао Жанг од ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто се одржа во неделата, во Дубровник, Хрватска. Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на којашто учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и угледни експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту. Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Преддоговорни информации кај потрошувачкиот кредит: преглед на понудените кредитни услови

Објавено

на

Како и во секој договор, и во договорот за потрошувачки кредит се содржани одредби за правата и обврските на договорните страни ‒ банката и должникот. Со цел да се посвети поголемо внимание на договорните обврски од двете договорни страни, законодавецот или регулаторот зависно од видот на правниот пропис, најчесто пропишува задолжителна листа со вообичаени преддоговорни информации коишто банката е должна да му ги даде на должникот уште пред склучувањето на договорот. Овие преддоговорни информации треба да овозможат подобро согледување на идните обврски и осврт на сите битни прашања за кредитот. Преку изработка на посебен формулар со преддоговорни информации и негово доставување до клиентот се овозможува подобра информираност при носењето на одлуката за склучување договор за кредит, што претставува една од најчесто користените светски практики во доменот на финансиската едукација. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Конкурс за доделување годишна награда на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година

Објавено

на

Заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри, Народната банка на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Народната банка) доделува Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange