Connect with us

НБРМ

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Нејзин добитник е Рејхан Сулејман, наградена со прва награда за трудот „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“.

Трудот на Сулејман беше оценет со највисока просечна оценка, во согласност со критериумите од објавениот конкурс. Станува збор за труд што се одликува со конзистентност и истражува релевантна област којашто се однесува на економскиот развој, со посебен акцент на нашата земја. Целта на трудот е да се испита влијанието на претприемаштвото врз економскиот раст. Во трудот се дава осврт на претприемаштвото во нашата земја, а економската анализа е направена со примена на релевантна методологија (панел-процена). Главниот заклучок од анализата е дека претприемачката активност во рана фаза (TEA – total-early stage entrepreneurial activity) нема статистички значајно влијание врз економскиот раст, додека етаблираните претприемачки бизниси, или т.н. воспоставена деловна сопственост (EBO – established business ownerships) имаат позитивно влијание врз растот на БДП.

Трудот на Рејхан Сулејман е објавен на веб-страницата на Народната банка и е достапен овде.

Народната банка ја доделува Годишната награда за млади истражувачи веќе петнаесет години, заради стимулирање на развојот на научната мисла во земјата и афирмација на младите стручни кадри. Конкурсот за годинешната награда беше објавен кон средината на минатата, а трудовите се доставуваа до 1 февруари оваа година. Согласно со стандардно утврдените правила, право на учество на конкурсот имаат авторите од земјата на возраст до триесет и пет години, при што секој автор може да конкурира само со еден труд, којшто задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. На годинешниот конкурс беа уредно пристигнати и разгледани четири труда од млади истражувачи.

Согласно со досегашната практика, наградениот труд „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“ ќе биде презентиран во рамките на активностите на Клубот на истражувачите, на сесијата којашто ќе се одржи во јуни.

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентна мерка за дополнително јакнење на заштитните механизми во банкарскиот систем

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските  ризици. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

Објавено

на

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити. (more…)

Продолжи со читање


Популарно