Connect with us

НБРМ

Народната банка со препораки во врска со исплатата на априлските пензии

Објавено

на

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на априлските пензии, Народна банка апелира:

– Заради заштита на здравјето, да се избегнува користењето готовина. Пензионерите коишто поседуваат дебитна картичка и од утре преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата априлска пензија, да настојуваат секогаш кога е можно плаќањата да ги вршат безготовински – со употреба на картичката. Така ќе придонесат за заштита на своето здравје и на здравјето на другите.

– При посета на филијалите и експозитурите во текот на следната недела, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.

– Во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено следната недела од понеделник до четврток, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките. Во овој термин да се даде приоритет и предност на повозрасните граѓани коишто имаат потреба од банкарски услуги.

– При една посета на филијала/експозитура да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките.

– Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

– Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.

Нардоната банка потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на априлските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:

– во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари;

– во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари.

Од НБРСМ апелираат за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

Во текот на претстојните денови, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата на априлските пензии да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

Од централната банка се уверени дека системскиот пристап којшто ќе се примени за исплатата на априлските пензии ќе ги даде очекуваните резултати.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно