Connect with us

НБРМ

Народната банка со известување за Еуростандард банка

Објавено

на

Народната банка ја известува јавноста дека Основниот граѓански суд Скопје го усвоил нивниот предлог за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје.

„По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност. Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка“ АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија“ дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.

Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити.”, се вели во известувањето на Народната банка.

НБРМ

Народна банка: Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври

Објавено

на

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година. Имено, според податоците на Народната банка каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98% од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 процентни поени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика ќе остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување

Објавено

на

Препораката за монетарната политика во глобални рамки е да остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување сѐ додека трае фазата на неизвесност, но и фазата во која пандемијата ќе биде ставена под контрола. И ние како централна банка ќе се водиме од ваквата препоракаама водејќи сметка и за специфичноста на нашата монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно