Connect with us

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската комисија во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување

Објавено

на

Со размена на писма за соработка помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути, се склучи Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување. Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја.

Со Договорот, меѓу другото, предвидено е Народната банка да доставува одделни известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра. Особено е значајно што, согласно со одредбите од Договорот, Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

Во изминатиот период, Народната банка, самостојно и во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведе низа активности за јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување пари, при што одделен акцент беше ставен и на спречувањето на фалсификувањето евра. Со склучувањето на овој договор, уште еднаш се потврдува заложбата на Народната банка за унапредување на соработката со европските институции во оваа сфера.

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ: Стабилниот денар е клучно сидро на макроекономските политики

Објавено

на

Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс. (more…)

Продолжи со читање

Популарно