Connect with us

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки.

Со Договорот потпишан од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, е предвидено ЕЦБ, на барање на Народната банка, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и информации поврзани со фалсификуваните банкноти во евра. Врз основа на овие информации, отсега, Народната банка ќе може полесно да ги класифицира регистрираните фалсификати на територијата на нашата земја. Истовремено, предвидено е Народната банка да испраќа редовни месечни извештаи до ЕЦБ со коишто ќе ја известува за сите регистрирани фалсификувани банкноти во евра откриени на територијата на нашата земја.

Преку ваквата соработка се овозможува Народната банка уште повеќе да придонесе во справувањето со фалсификувањето на еврото, како централна банка партнерка на ЕЦБ. Со тоа се создава простор нашата централна банка дополнително да ја потврди не само својата определба, туку и својата подготвеност да биде конструктивен член на европското централнобанкарско семејство и да дава уште поголем придонес за јакнење на европската макрофинансиска стабилност.

Инаку, минатата година, Народната банка склучи и Договор со Европската комисија за соработка во сферата на заштитата на кованите евра од фалсификување. Со склучувањето на Договорот со ЕЦБ се заокружува рамката на соработката во однос на заштитата на еврото. Истовремено, Народната банка засилено работи и на унапредување и усогласување на правната рамка и на методологијата на системот за борба против фалсификувањето на еврото, согласно со најдобрите европски искуства и практики.

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Денес е последен ден за пријавување за Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Денес е последен ден за пријавување за едукативните видео презентации на тема Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ќе ги организира Народната банка во рамки на 4-тото издание на Денови на финансиска писменост. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во октомври

Објавено

на

Народната банка објави дека на годишна основа, вкупните депозити забележаа раст од 5,5 проценти, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите. Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,7 проценти, што произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора. (more…)

Продолжи со читање

Популарно