Connect with us

НБРМ

Народната банка продолжува со вложувањето во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри

Објавено

на

Народната банка продолжува со остварувањето на стратегиската определба за придонес и вложување во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри во земјата и во регионот. За таа цел, како што посочуваат од НБ, се вклучи и во 44. регионален курс за основните прашања на меѓународната економска агенда за земјите во транзиција организиран од Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и Економскиот факултет во Скопје, којшто се одржува деновиве.

„Во рамките на курсот, којшто е од меѓународен карактер, се разработуваа повеќе актуелни прашања од областа на меѓународната економија значајни за земјите во транзиција: политики на економски развој, современи трендови во меѓународната трговија и финансиите, предизвици на мултилатералниот трговски систем, трговска логистика, регионални трговски договори, дигитална економија, странски директни инвестиции, технологија и иновации. Народната банка даде свој придонес во делот на курсот посветен на мултилатералниот трговски систем и носењето на трговската политика. Поконкретно, експерт од Народната банка, Дијана Јаневска-Стефанова, самостоен советник од Дирекцијата за монетарна политика и истражување, одржа одделна сесија којашто беше посветена на економската интеграција на земјите од Источна Европа во форма на размена на стоки со странство и директни инвестиции, анализирајќи ги минатите и актуелните трендови”, соопшти Народната банка.

На оваа сесија, се вели во соопштението, се обработуваше динамиката и промената на географската насока и производната структурата на надворешната трговија кај земјите во Источна Европа, поделени во три посебни групи земји (балтички земји, земји од Централна и Југоисточна Европа и земји од Западен Балкан), во последните 25 години. Во вториот дел беа разгледани динамиката и структурата на директните инвестиции во земјите од овој регион, како и нивното влијание врз трговската структура. Исто така, посебен акцент беше ставен на трговските и инвестициските врски на македонската економија и дали и колку забележаните промени соодветствуваат на искуствата од останатите земји од анализираниот регион.

Неодамна, Народната банка и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје склучија и меморандум за соработка, со којшто се обезбедува простор за поголем придонес на Народната банка во образовниот процес и едуцирањето идни и постојни кадри. Учеството на курсот организиран од УНКТАД во соработка со Факултетот е во рамките на спроведувањето на меморандумот.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно