Connect with us

НБРМ

Народната банка предвидува пад на економската активност за 3,5%

Објавено

на

Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка за следниот тригодишен период.

Притоа беше заклучено дека контекстот на макроекономските проекции е променет, заради  пандемијата на ковид-19. Со оглед на преземените мерки, неопходни за спречување на ширењето на вирусот, во 2020 година се очекува значајно намалување на глобалната побарувачка, пад  на цените на примарните производи на светскиот пазар, привремено нарушување на глобалните и регионалните синџири на снабдување, промени во однесувањето на населението, затегнување на глобалните финансиски услови и аверзија кон ризик на инвеститорите. Иако шокот е од неекономска природа и оттаму засега не се очекува да има позначајни ефекти врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите, неговите ефекти на краток рок се очекува да бидат изразени, со што во 2020 година се очекува најголемата глобална рецесија по големата депресија. Македонската економија ќе биде погодена преку каналот на неповолното глобално окружување во целина, но како и во сите други економии, мерките за сузбивање на вирусот, исто така ќе имаат привремени неповолни ефекти. Најновите проекции вградуваат основна претпоставка дека шокот од ковид-19 ќе биде краткорочен и главниот удар врз економијата ќе се почувствува во вториот квартал, а потоа се очекува постепена нормализација.

Во вакви околности на намалена глобална побарувачка и изразена неизвесност, проекциите за растот на македонската економија се значајно променети во однос на октомври минатата годинаЗа 2020 година, проектиран е пад на БДП од 3,5%, по што се очекува закрепнувањe со раст од 4,7% за наредната година (наспроти октомвриските очекувања за раст од 3,8% и 4%, соодветно). Во однос на структурата на растотнамалување се очекува и кај домашната и кај извозната побарувачка. Во 2021 година, во услови на нормализација на економскиот амбиент, се очекува закрепнување на економијата, поддржано од сите извори на растот. За 2022 година, се задржува оцената за годишна стапка на раст на домашната економија од околу 4%, вградена и во октомвриското сценарио. Имајки ја предвид високата отвореност на нашата економија, доколку падот на странската побарувачка е поголем од предвидениот во основното сценарио, економска активност може да биде пониска за 2.3 п.п.

Во поглед на идната патека на движење на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на стабилни цени во 2020 година и отсуство на инфлациски притисоци. Во услови на тековни инфлациски остварувања коишто се под очекуваните, како и при значителни надолни ревизии кај увозните цени поради шокот од пандемијата, особено на енергентите, оцените упатуваат  на стапка на инфлација од околу 0% за 2020 година, што е позначителна надолна ревизија во однос на октомвриските согледувања за инфлација од 1,5%. Во 2021 година, стапката на инфлација се очекува да изнесува 1,5%, за во 2022 година да се стабилизира на нивото од околу 2%.

Во надворешниот сектор, дефицитот во тековната сметка и понатаму се очекува да остане умерен, при што во 2020 година се очекува умерено да се  продлабочи и да достигне 3,2% од БДП. Умереното зголемување на дефицитот, главно е последица  на оцените за намалување на дознаките од странство и помал суфицит кај услугите. Со постепеното стабилизирање на тековите, дефицитот во тековната сметка  постепено ќе се намалува, во просек на 1,6% од БДП во периодот 2021-2022 година (исто како и во октомвриските проекции). Притоа, согласно тековните оцени, за периодот на проекции дефицитот во тековните трансакции ќе биде целосно финансиран од тековите во финансиската сметка, главно од надворешното задолжување на државата и странските директни инвестиции, со што девизните резерви ќе продолжат да се зголемуваат и да се одржуваат на соодветно ниво.

Со оглед на промените во амбиентот, понеповолните перцепции за ризиците  во текот на оваа година се очекува и привремено поголема воздржаност од задолжување. Оттаму, и покрај солидниот раст во првото тримесечје од годината, кредитната активност до крајот на годината се очекува привремено да забави. Имајќи ги предвид преземените мерки на Народната банка во насока на одржување на кредитниот циклус на деловните банки и поддршката на погодените сектори преку поволните кредити од Развојната банка, годишниот раст на кредитите се очекува да се одржи на околу 3%. Со нормализирање на состојбите, стабилизирање на очекувањата и со оглед на поволната капитална и ликвидносна позиција на банките, кредитната активност во наредниот двегодишен период се очекува да продолжи да расте позабрзано, со што кредитниот раст за периодот 2021-2022 година во просек би изнесувал 6,5%. Во согласност со оцените за пад на економската активност во 2020 година, а имајќи го предвид солидното остварување кај вкупните депозити во финансискиот систем во првиот квартал на годината, вкупните депозити се очекува да продолжат да растат во 2020 година, со стапка од околу 2,3%, а во текот на следните две години нивниот раст да забрза и да се одржува во просек на стапка од околу 7%, при оцени за нормализирање на растот на економијата и натамошно задржување на високата склоност за штедење во банките.

Тековно, ризиците од здравствената криза се изразено надолни. Тие се однесуваат на можното продолжување на корона-кризата и на мерките за заштита на здравјето и во втората половина од годината, евентуалната појава на втор бран на коронавирусот и повторно активирање на стратегиите за заштита, како и на промените во однесувањето на економските субјекти во поглед на нивните потрошувачки и инвестициски одлуки, кои пак би довеле до подолгорочно нарушување на синџирите на производство и побарувачката. Овие ризици се однесуваат и на глобалното окружување и на домашната економија. Од друга страна, формализацијата на членството на нашата држава во НАТО алијансата, како и одлуката на Европската Комисија за отпочнување на преговори за полноправно членство во ЕУ, коишто се случија во текот на март оваа година, и натаму се позитивен ризик за проекцијата, пред сѐ на среден рок.

Како што беше нагласено на седницата на Советот, Народната банка постојано го следи развојот на настаните, како и потенцијалните ризици за македонската економија од окружувањето, со цел соодветна реакција преку прилагодување на политиките и преземање на други, дополнителни мерки, доколку тоа е потребно.

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно