Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Народната банка очекува растот на економијата годинава да достигне 3,5%

Објавено

на

На 10 септември 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови и дека економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања, контекст којшто придонесува за постојани интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања. Во вакви услови, Комитетот одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,25% и на аукцијата на благајнички записи на 11 септември 2019 година да понуди благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари, односно ист износ како износот што достасува.

Во однос на најновите макроекономски показатели, според објавените проценети податоци за БДП, економската активност продолжи да расте и во вториот квартал на 2019 година, со реална годишна стапка на раст од 3,1% (4,1% во првиот квартал). Растот е движен од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната и јавната потрошувачка и на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има негативен придонес. Во првата половина од годината, растот на БДП изнесува 3,6% и е малку поумерен од очекуваниот за овој период од годината. Високофреквентните показатели за економската активност во јули упатуваат на натамошен раст, но бројот на расположливи показатели засега е ограничен за извлекување посигурни констатации за растот во третиот квартал. Согласно со априлскиот циклус проекции, се очекува дека растот на економијата во 2019 година ќе достигне 3,5%.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите осум месеци од годинава изнесува 1,1%, при што растот на цените е помал од очекуваниот. Воедно, очекувањата за движењето на странските цени, коишто влијаат врз домашните цени, се надолно ревидирани. Следствено, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 1,5% засега се оценуваат како претежно надолни.

Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, oстварувањата кај билансот на плаќања во второто тримесечје посочуваат на помал дефицит во тековната сметка, како и на повисоки нето-приливи во финансиската сметка, во однос на проектираните за вториот квартал. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со првата декада на август укажуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи од приватни трансфери во однос на проектираните за третото тримесечје. Девизните резерви на крајот на август се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за август покажуваат натамошен раст на годишна основа, при што засега нема поголеми отстапувања во однос на  очекувањата.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките и натаму се зголемува, главно како одраз на интервенциите со откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Имено, во август Народната банка откупи околу 88 милиони евра, во услови кога банките втор месец по ред имаа нето-откуп на девизи од нивните клиенти. Најголем придонес за ваквите движења има натамошната сезонски повисока понуда на девизи од страна на менувачниците, но и умереното намалување на нето-побарувачката за девизна ликвидност од страна на корпоративниот сектор. Покрај овие движења, врз високиот месечен износ на интервенции на Народната банка придонес имаше и активниот пристап на управување со девизната актива од страна на банките, со оглед на негативните приноси на меѓународните финансиски пазари. Поволните движења на девизниот пазар продолжија и во првата седмица од септември.

Во услови на натамошно зголемување на денарската ликвидност, банките имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Банките го насочуваа вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

Во текот на август, беше забележано влошување на трговските односи помеѓу САД и Кина, преку заемно наметнување нови царини, што предизвика зголемена променливост на финансиските пазари. Притоа, беше забележана зголемена побарувачка за безбедни финансиски инструменти што доведе до раст на цените и пад на приносите на државните должнички хартии од вредност на глобално ниво, како и со зголемување на цена на златото и апрецијација на САД-доларот на месечна основа. Во однос на монетарните политики, на состаноците на ЕЦБ и на Федералните резерви беше пренесена загриженост во однос на идната економска активност и ценовните движења поради неповолното влијание на трговските тензии и други геополитички фактори на ризик.

Општо земено, Комитетот заклучи дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно се укажа на неповолните ризици од надворешното окружување, коишто се понагласени во споредба со периодот на изготвување на априлските проекции. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика. 

НБРМ

Објавен традиционалниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето

Објавено

на

Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби за штедењето и осигурувањето. На овој начин се придонесува за натамошно уште поголемо интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Структурните и институционалните реформи можат да овозможат побрз и одржлив економски раст во регионот

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ја одржа првата стручна презентација на годинешното издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“, којашто традиционално ја организираат „Ерсте банка“ и „Шпаркасе банка Македонија“. Во презентацијата, таа се осврна на улогата на монетарната политика во процесот на реална конвергенција на економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, вклучително и на нашата економија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Продолжува трендот на пад на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13 отсто, што претставува месечен и годишен пад од 0,02, односно 0,36 процентни поени, пишува во извештајот на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange