Connect with us

НБРМ

Народната банка отворена за прашања поврзани со иновации во финансиската сфера

Објавено

на

Народната банка објави дека е отворена за консултации поврзани со иновации во финансиската сфера, преку користење на Портата за иновации како платформа за комуникација со финтек-секторот.

Ако развивате или применувате иновации во финансиската сфера и притоа користите нови технологии, а имате потреба од консултација со Народната банка или со некој од другите регулатори на финансискиот систем, Вашето прашање можете да го испратите на е-адресата: porta@nbrm.mk.

Портата за иновации на Народната банка е платформа за комуникација со финтек-секторот.

Покрај давањето насоки и објаснувањето на постојните регулаторни барања, преку комуникацијата остварена во рамки на оваа платформа, ние постојано ја разгледуваме и потребата за евентуална промена на регулативата и за намалување на регулаторните ограничувања за влез на нови иновативни бизнис-решенија, односно проекти, без да се наруши интегритетот на финансискиот сектор и без активности насочени кон прекумерно преземање ризици.” – се вели во објавата од Народната банка.

Повеќе информации се достапни на ЛИНК.

НБРМ

Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот

Објавено

на

Развивањето на платните системи, создавањето простор за унапредување и развивање на пазарот на платежни услуги и поддршката на примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор се дел од приоритетите на Народната банка. На нив се фокусирани и значителен дел од активностите во рамките на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка со кривични пријави против поранешните одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје

Објавено

на

Оштетените штедачи од Еуростандард банка АД Скопје остварија повторна средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок Ангеловска-Бежоска – Паолучи: Мерките на Народната банка беа соодветни и придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата

Објавено

на

Од исклучително значење за македонската економија се вложувањата на Народната банка во одржувањето на финансиската стабилност. Ова се согледува и во текот на ковид-кризата, кога сите стандардни показатели за оценка на состојбите во банкарскиот систем се задржуваат на солидно ниво. Светската банка постојано ги следи активностите и спроведувањето на препораките, вклучително и во однос на воспоставувањето соодветна макропрудентна рамка и во унапредувањето на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди. Соработката меѓу двете институции во претстојниот период и дополнително ќе се засили преку веќе планираните проекти на Народната банка за коишто Светската банка дава поддршка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно