Connect with us

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

НБРМ

Вицегувернерката Нацевска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на правата на потрошувачите

Објавено

на

„Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, чија примена започна од почетокот на годината, се зголемува заштитата на правата на корисниците на платежни услуги. Давателите на платежни услуги се обврзуваат да ги уредат правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, пред чие склучување се должни да им достават информативен документ за надоместоците, како и најмалку еднаш годишно да им доставуваат извештај за наплатените надоместоци. Давателите ќе имаат и обврска на редовна основа да доставуваат до Народната банка податоци за висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка, коишто на граѓаните ќе им бидат достапни на споредбена основа преку интернет-страницата на Народната банка. Се предвидува и дополнителна заштита во делот на неавторизирани трансакции“, посочува вицегувернерката Емилија Нацевска, во интервју за МИА. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Потреба од ажурирање на податоците на граѓаните во банкарскиот сектор

Објавено

на

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Објавено

на

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно