Connect with us

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

НБРМ

Оваа недела ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 30 јуни 2022 година (четврток), со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“ од Димитар Фуна, кој е добитник на Годишната награда на Народната банка. По презентaцијата на трудот, предвидена e  дискусија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање


Популарно