Домашни банки
Народната банка нема утврдено каква било неусогласеност, ниту пак има изречено каква било мерка против Комерцијална банка


„Комерцијална банка нема добиено известување, укажување или извештај од Народната банка дека е утврдена каква било неусогласеност, ниту пак дека е изречена каква било мерка за Комерцијална банка”, известуваат од Банката.
„Поради интересот на медиумите и на јавноста за активностите по изјавата на Државниот јавен обвинител Јовески од 03.01.2022 година и неговото барање „Народната банка да испита дали со оваа согласност (државата да има прв приоритет над понудениот имот од лицето Сашо Мијалков, н.з.) некој излегол вон рамките на своите службени овластувања или, пак, се доведени во прашање интересите на другите комитенти на Банката“, уште еднаш повторуваме дека Комерцијална банка гарантира дека нејзините одлуки се донесени во согласност со интерните процедури, надлежности и законските прописи. Исто така, ве известуваме дека Комерцијална банка до Народната банка на Република Северна Македонија на 04.01.2022, 17.01.2022 и на 28.01.2022 година ја достави целокупната барана документација”, се вели во известувањето од Комерцијална банка АД Скопје.
Комерцијална банка до 03.02.2022 година нема добиено известување, укажување или извештај од Народната банка дека е утврдена каква било неусогласеност, ниту пак дека е изречена каква било мерка за Комерцијална банка.
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
Домашни банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје


Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје