Странски банки
Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка на 3 проценти, но и понатаму очекува раст на БДП

Извршниот одбор на Народната банка на Србија на последната седница одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени на 3 проценти и да остане на својата проекција за економски раст за 2022 година во опсег од 3,5 до 4,5 отсто.
„Просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа е 4 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2 проценти, со што целиот коридор на каматните стапки е зголемен за 25 базични поени”, се вели во соопштението на НБС.
Со ваквата одлука, Извршниот одбор обезбедува континуитет на умерено заострување на монетарните услови, а со тоа соодветно реагира на зголемените инфлациски притисоци, без да се загрози натамошниот раст на економската активност.
На редовната седница беше оценето дека во услови на континуирани трошковни притисоци и раст на увезената инфлација над очекувањата, неопходно е да се продолжи со заострување на домашните монетарни услови. Со ова, како што е објаснето, НБС се обидува да ги ограничи секундарните ефекти врз инфлациските очекувања и да обезбеди инфлацијата во Србија да е на надолна патека, како и до крајот на периодот на проекцијата да се врати на границите на дозволените отстапување од целта.
Постојаниот раст на цените на енергенсите на светскиот пазар и увозната инфлација, со ефектите од сушата не само на домашниот пазар, туку и во поголемиот дел од Европа, кои се рефлектираат со натамошниот пораст на цените на храната, резултира со малку повисока инфлација на домашниот пазар од очекуваното, забележува централната банка.
Годишната инфлација во Србија во јуни изнесува 11,9 проценти на годишно ниво, од кои околу 70 отсто од придонесот се должи на зголемувањето на цените на храната и енергијата.
Растот на увезената инфлација се одрази и на растот на базната инфлација, која во јуни изнесуваше 6,7 отсто на годишно ниво, при што, посочува НБС, таа базна инфлација е значително пониска од вкупната, но и пониска од основната инфлацијата во земјите од регионот со ист режим на монетарна политика.
Покрај зачуваната релативна стабилност на девизниот курс, важен фактор за пониската базна инфлација се и среднорочните инфлациски очекувања на финансискиот сектор, кои продолжија да се движат во границите на целта на Народната банка на Србија.
Според августовската проекција на Извршниот одбор, инфлацијата од година во година најверојатно ќе достигне врв во текот на тековниот квартал, а потоа ќе следи надолна траекторија.
Претходното заострување на монетарните услови, очекуваното слабеење на ефектите од глобалните фактори кои доведоа до растот на цените на енергијата и храната во претходниот период, како и намалената надворешна побарувачка во услови на понеповолни перспективи за глобален економски раст, ќе делуваат во насока на ублажување на инфлаторните притисоци. Краткорочно, за смирување на инфлаторните притисоци ќе придонесат и економските мерки што ги донесе Владата на Србија, со кои се ограничува растот на цените на храната и енергијата на домашниот пазар.
По релативно високиот раст на бруто домашниот производ на Србија во првиот квартал од 4,4 проценти на годишно ниво, според Републичкиот завод за статистика, слично темпо на раст продолжи и во вториот квартал, со раст од 4 проценти на годишно ниво.
И покрај влошените изгледи за раст на еврозоната, производството и извозот на преработувачката индустрија во Србија продолжуваат да растат, што укажува дека намалувањето на надворешната побарувачка засега нема големи негативни ефекти врз Србија.
За ова придонесоа инвестициите во секторите за тргување од претходните години, кои значително ја зголемија извозната понуда, а од мај зголемен е и извозот на земјоделски производи по олабавувањето на мерките за привремено ограничување на извозот на овие производи.
Имајќи го предвид тоа, и покрај сè поизразените ризици дека ќе следи рецесија во еврозоната во втората половина од годината, Народната банка на Србија сепак проектира дека растот на БДП оваа година ќе биде во опсег од 3,5 – 4,5 проценти.
Извршниот одбор оценува дека сегашното заострување на домашните монетарни услови нема да има значително негативно влијание врз економските движења.
Во зависност од глобалната геополитичка ситуација и движењето на клучните монетарни и макроекономски фактори од домашното и меѓународното опкружување во наредниот период, НБС ќе оценува дали има потреба од дополнително заострување на монетарните услови.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер