Connect with us

НБРМ

Народната банка на Р.Македонија беше домаќин на претставници на Хрватската народна банка

Објавено

на

Во периодот 14-15 мај 2018 година Народната банка на Република Македонија беше домаќин на претставници на Хрватската народна банка. Одржаните работни средби се дел од веќе воспоставената плодна билатерална соработка помеѓу двете централни банки, овојпат со фокус на истражувачката дејност и економското моделирање.

Во рамки на средбите беа загатнати повеќе релевантни теми, како од аспект на организациската и функционалната поставеност на овој сегмент од централнобанкарското работење во двете институции, така и од аспект на актуелните истражувања коишто се на агендата на централните банкари и пошироката научно-истражувачка заедница во овој период.

Работната посета на Хрватската народна банка беше искористена како платформа за дискусии, заемна размена на искуствата и тековните практики, со надеж дека тие ќе придонесат за поттикнување нови идеи и за изнаоѓање модалитети за продлабочување на досегашната успешна соработка, вклучително и преку градење партнерски однос во идни заеднички истражувачки проекти, што е од интерес на економиите на двете земји.

НБРМ

Заврши успешниот седумгодишен мандат на Димитар Богов како гувернер на НБРМ

Објавено

на

Досегашниот гувернер на НБРМ и човекот на кој со години не можеше да му се забележи никаков израз на ликот, Димитар Богов, дури и кога соопштуваше најнепријатни вести, денеска попушти пред своите најблиски соработници со кои седум години соработуваше и со солзи во очите се збогуваше од нив. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на НБРМ

Објавено

на

Денес, 22 мај 2018 година, д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Македонија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ ја објави публикацијата „Паметно управување со парите – водич за личните финансии”

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја информира јавноста дека ја објави публикацијата „Паметно управување со парите – водич за личните финансии”. Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да и ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange