Connect with us

Платежни картички

Народната банка на Кина ја отвори вратата на кинескиот пазар за Мастеркард

Објавено

на

„Mastercard” доби одобрение од Народната банка на Кина (PBOC) да започне официјални подготовки за основање на сопствена подружница за порамнување на банкарски картички во земјата.

Влегувањето на кинескиот пазар за гигантот за платежни картички „Mastercard” е вредно 27 милијарди американски долари, по долгогодишни макотрпни преговори со земјата за влез на кинескиот пазар. Уште во јуни 2015 година, Кина ги ги олесни ограничувањата на прекуокеанските компаниите коишто добиваат лиценца за работа преку основање на сопствени подружници во Кина или со преземање на некоја локална компанија.

Во тоа време, „Mastercard” формираше заедничко вложување со мнозинско сопствеништво на локалната компанија „NUCC Information Technology (Beijing) Co. Ltd”, во соработка со „NetsUnion Clearing Corporation” (NUCC).

Најновoта регулаторнo ублажување на препреките е дел од трговскиот договор меѓу Кина и САД кој ветува 90-дневен циклус на одобрување за апликации како „Visa”, „Mastercard” и „American Express”.

 „Кина е пазар од витално значење за нас како компанија и ја повторивме нашата непоколеблива заложба да помогнеме на побезбеден, поинклузивен и беспрекорен екосистем за плаќање за кинеските потрошувачи и компании. Остануваме фокусирани на соработката со кинеската влада и локалните партнери, како би развиле целосна инфраструктура за плаќање“, изјави Ајај Банга, претседател и извршен директор на „Mastercard”.

„Mastercard” има едногодишен период за да воспостави активности и да аплицира до Народната банка на Кина за официјално одобрување да започне активности за клиринг на домашните банкарски картички.

Земјата во моментот има повеќе од осум милијарди картички во оптек и моќен пазар за мобилно плаќање во кој доминираат домашните технолошки гиганти „Alibaba” и „TenCent”. Двете компании минатата година лансираа верзии на нивните апликации за мобилни плаќања за странските посетители во Кина.

Платежни картички

Мастеркард го отвора првиот европски центар за компјутерска безбедност

Објавено

на

„MasterCard” го отвора својот прв Европски центар за компјутерска безбедност, соработувајќи со регулаторите и креаторите на политики, за подобрување на размената на разузнавачки информации и борбата против заканите за платниот екосистем во регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка доби сертификат за работење по највисоки меѓународни стандарди во платежната индустрија

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје се стекна со сертификат за PCI DSS стандардот (Payment Card Industry Data Security Standard)  и ја потврди усогласеноста во работењето по највисоките меѓународни сигурносни стандарди во платежната индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Бизнис бар: На што да внимавате пред да ги испринтате вашите бизнис картички

Објавено

на

Дигиталните медиуми го зазедоа светот на маркетингот, но сепак некои од традиционалните начини на маркетинг, како давање бизнис картички, никогаш нема да излезат од мода. Тие се професионален детал за вашиот целосен впечаток што може многу позитивно да влијае врз потенцијалните соработници и потрошувачи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно