Connect with us

НБРМ

Народната банка за првпат ќе одржи обука за обучувачи од областа на финансиската едукација во соработка со граѓанскиот сектор

Објавено

на

Народната банка ги засилува активностите за соработка со граѓанскиот сектор во сферата на финансиската едукација. За првпат, Народната банка ќе одржи обука за обучувачи, кои ќе се ангажираат околу едуцирање на населението за прашања од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни учесници во финансиските текови. Со ова, се очекува дека ќе се прошири мрежата на финансиската едукација во нашата земја и ќе се зајакнат ефектите од ширењето на знаењата од оваа област. Тоа би придонесло за поголема финансиска вклученост и носење издржани финансиски одлуки од страна на населението.

За таа цел, Народната банка склучи меморандум за соработка со здружението на граѓани за поттикнување општествен развој „Глобал шејперс Скопје хаб“, коешто е дел од меѓународната мрежа „Глобал шејперс“. По искажаниот интерес од „Глобал шејперс Скопје хаб“ преку организација на настани – предавања, односно презентации и отворени дискусии, за давање придонес во финансиската едукација на пошироката јавност, особено на младата популација во земјата, со меморандумот е предвидено тимот на Народната банка да даде експертска помош, преку обука за членовите на здружението коишто ќе ги спроведуваат активностите. Исто така, Народната банка ќе обезбеди и едукативни материјали од областа на финансиската едукација. Планирано е предавањата на „Глобал шејперс Скопје хаб“ наменети за пошироката јавност, особено за младата популација, да се одржат до средината на следната година, на волонтерска основа.

Развивањето на соработката меѓу финансиските регулатори и граѓанските организации во сферата на финансиската едукација е од исклучително значење за постигнување уште повидливи резултати со поголема достапност на знаењата до поголем дел од населението. Народната банка оваа година започна соработка и со други граѓански организации коишто искажаа подготвеност и желба да се вклучат во спроведувањето активности за унапредување на финансиската писменост и поттикнување на финансиската инклузија.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Објавено

на

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно