Connect with us

НБРМ

Народната банка започнува со редовно објавување нови подетални податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност

Објавено

на

Народната банка постојано работи на подобрување и проширување на статистичките податоци и нивно усогласување со меѓународните статистички стандарди. За таа цел, од октомври 2020 година започнува и со редовно објавување нови подетални прегледи со податоци за состојбата на вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност.

Во досегашните статистички прегледи за портфолио-инвестициите на нашите резиденти во странство беа опфатени неколку димензии на вкупните, сопственичките и должничките хартии од вредност – приказ врз основа на земјата во која се инвестира, врз основа на оригиналната валута (за вкупните вложувања), врз основа на секторот на домашниот инвеститор, како и врз основа на рочната структура на должничките хартии од вредност.

Во новите прегледи, податоците за вложувањата во странски хартии од вредност ќе бидат прикажани врз основа на неколку вкрстени димензии. Имено, со новите прегледи ќе се овозможи вкрстено прикажување на податоците за портфолио-инвестициите според институционалниот сектор и земјата на издавачот на странската хартија од вредност, како и според институционалниот сектор на домашниот инвеститор и институционалниот сектор на издавачот на странската хартија од вредност, за одредена група земји.

Со вкрстеното прикажување на податоците според наведените обележја значително се зголемува аналитичката вредност на објавените податоци за портфолио-инвестициите – средства во рамките на извештајот за меѓународна инвестициска позиција. Воедно, новите прегледи ќе се доставуваат и до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на истражувањето за портфолио-инвестиции (КППИ), како дел од статистичкиот стандард СДДС плус.

Доставувањето на овие податоци од страна на носителите на статистички истражувања до Меѓународниот монетарен фонд е доброволно. Оттука, одлуката и подготвеноста на Народната банка да ги доставува и овие податоци во рамките на највисокиот статистички стандард на ММФ е уште една потврда на нејзините постојани напори за целосно исполнување на највисоките статистички стандарди.

Во согласност со календарот на објавување податоци, овие податоци ќе се објавуваат на редовна полугодишна основа и ќе бидат достапни преку статистичкиот веб-портал на Народната банка „НБСтат“.

Проширениот сет расположливи статистички податоци за портфолио-инвестициите, со податоци со состојба за 30 јуни 2020 година, веќе е објавен на веб-порталот „НБСтат“.

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно