Connect with us

НБРМ

Народната банка започна со редовно објавување податоци за зеленото финансирање

Објавено

на

Народната банка, на својата веб-страница, меѓу податоците и показателите за банкарскиот систем на Република Северна Македонија, почна да објавува и квартални податоци за  кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Објавувањето на овие податоци е една од активностите на Народната банка со која придонесува за создавање „зелена“ и одржлива економија.

Народната банка досега презеде повеќе активности за зголемување на свесноста за последиците од климатските промени и за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија. Таканаречените „зелени кредити“ се наменети за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата и на приватниот сектор, за инвестирање во зелени технологии, материјали и решенија и за инвестирање во обновливи извори на енергија, контрола и спречување на загадувањето, заштита на животната средина, како и намалување на ризиците од климатските промени. На почетокот на 2022 година, Народната банка спроведе Анкета за ризиците од климатските промени според која 40% од домашните банки и штедилници имаат воведено производи и услуги како реакција на климатските промени, додека 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат за воведување нови производи и услуги како реакција на климатските промени.

Климатските и општествените промени, со кои се повеќе се соочуваме, оставаат видливи белези врз глобалната економија и можат да влијаат врз остварувањето на целите на централните банки. Затоа е неопходно носителите на политиките да се посветат на ублажување на потенцијалните економски последици од климатските промени. Зелената и дигиталната трансформација во иднина можат да придонесат за градењето посилни економии отпорни кон шокови. Предизвиците со кои сега се соочуваат економиите во светот се доказ дека треба да се бараат алтернативни решенија и да се размислува подолгорочно во однос на обезбедувањето одржливи извори на енергија и зголемувањето на производството на храна.

Кварталните податоци и показатели за банкарскиот систем од областа на зеленото финансирање можете да ги најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/podatotsi_i_pokazatieli_za_bankarskiot_sistiem_na_riepublika_makiedonija.nspx.

НБРМ

Оваа недела ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 21 септември 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Нацевска на симпозиум на високо ниво: Приближувањето на европските мултинационални компании кон регионот – можност за поголем економски раст и интеграција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Објавено

на

Вицегувернерката Емилија Нацевска заедно со професорката Паула Субачи (Paola Subacchi) од Универзитетот Квин Мери во Лондон и истражувачот Џан Ферети (Gian Ferretti) од Брукингс центарот за макроекономски истражувања (англ. Brookings Institution) учествуваше на панелот „Подвојување на глобалниот финансиски систем – импликации за трговијата, капиталните текови и девизните курсеви” којшто беше дел од дискусиите на симпозиумот на високо ниво во организација на централната банка на Ерменија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс. Зголемените геополитички тензии креираат ризици од фрагментација на глобалната економија и претставуваат сериозна закана за сите досегашни придобивки од високата меѓусебна поврзаност и зависност на глобалниот економски систем, што може да доведе до сериозни импликации и загуби во светската економија. Геополитичките настани во последните неколку години ја поттикнуваат фрагментацијата и во инфраструктурата за извршување на меѓународните плаќања, што дополнително може да влијае на трговските и капиталните меѓузависности на земјите и регионите и со тоа повратно да ја засили економската фрагментација. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба на гувернерката со учениците кои донесоа бронзен медал од Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

„Финансиската едукација и финансиската инклузија, со особено внимание на младата популација, се значаен приоритет на Народната банка. Оттаму, Народната банка поддржува повеќе инцијативи во овој сегмент, вклучително и учеството на Меѓународната економска олимпијада, а особено радува кога младите се истакнуваат со забележителни знаења на меѓународните натпревари.“ Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната средба со учениците од средните училишта,  овогодишните учесници на Меѓународната економска олимпијада и професорите Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои ги координираа подготовките на тимот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно