Connect with us

НБРМ

Народната банка започна со одржување серијал е-работилници за новинари

Објавено

на

Во рамките на активностите за јакнење на својата транспарентност и унапредување на комуникацијата со јавноста, Народната банка започнува со нова практика ‒ работилницата за новинари од економските редакции ќе се организира повеќепати во текот на годината, наместо досегашниот формат на една годишна работилница. Во условите коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19, Народната банка веќе започна со организација и на серијал е-работилници. Предвидено е на нив да се обработуваат повеќе актуелни теми и да се разгледуваат различни прашања значајни за точното, целосно и навремено информирање на јавноста за податоците и информациите коишто произлегуваат од централнобанкарското работење во земјата.

Првата од серијалот е-работилници се одржа вчера, а беше посветена на статистиката на останатите финансиски институции (ОФИ) – пензиските фондови, осигурителните друштва, инвестициските фондови, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг. Оваа релативно понова статистика на централните банки, обезбедува навремени и детални податоци за следење и анализа на движењата кај овој сектор на економијата, по видови на финансиски институции. Воедно, има придонес во одлуките за водењето на монетарната политика, за оцена на ранливостите во финансискиот систем и за следење на финансиската стабилност.

„Во периодот по глобалната економска криза од 2008 година, постои тренд на растечка траекторија кај ОФИ. Се забележуваат дури и двоцифрени стапки на раст, од кои не е исклучок и нашата економија. Една од причините за тоа се направените големи регулаторни реформи во финансиската сфера во периодот по кризата од 2008 година. Овој тренд е значаен од повеќе аспекти. Од една страна, значи поголема понуда на финансиски производи и нови можности за инвестирање, но од друга страна бара и поголема внимателност, пред сѐ за заштита на потрошувачите од преземање прекумерни ризици, преку финансиска едукација и воспоставување институционални механизми за нивна заштита.“ – истакна во воведното обраќање, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Народната банка, иако не е регулатор надлежен за овие институции, во согласност со меѓународните стандарди ја изготвува оваа статистика, којашто е особено значајна заради сѐ поголемата улога на ОФИ во финансискиот сектор и нивното сѐ поголемо значење во финансиското посредување. Оттука, секако, за централните банки, освен за водењето на монетарна политика, оваа статистика е особено значајна и заради остварување на целта за одржување на финансиската стабилност.

На работилницата, директорката на Дирекцијата за статистика на Народната банка, Султанија Бојчева-Теризијан, ја одржа презентацијата за статистиката на ОФИ при што подетално беа презентирани податоците и трендовите во секторот ОФИ, од 2014 година откога овие податоци се дел од централнобанкарската статистика кај нас, заклучно со првиот квартал од оваа година. Во дискусијата со новинарите беа опфатени неколку значајни прашања.

Предвидено е и со следните од серијалот е-работилници да се опфатат нови теми коишто се во рамки на тематските блокови за кои постои интерес кај јавноста, а за коишто досега, Народната банка нема организирано вакви настани наменети за новинарите.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка

Објавено

на

Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за емисијата „Актуелно“ на Македонското радио. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Македонската економија ја минува ковид-кризата со посилни фундаменти во споредба со глобалната финансиска криза од 2008 година

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска учествуваше на 86. издание на Ист жур фиксе“ – настан во организација на Централната банка на Австрија, којшто оваа година, заради околностите со пандемијата се одржа во виртуелен формат. На настанот, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Се за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

Објавено

на

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно