Connect with us

НБРМ

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Објавено

на

Народната банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери.

Главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработени трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ. Оттука, таа претставува и признание за висока усогласеност со меѓународните стандарди на СВИФТ за автоматизирана електронска обработка на прекуграничните комерцијални плаќања и финансиските трансфери без потреба од мануелна интервенција, што придонесува за висока ефикасност при обработката на плаќањата. Оваа награда ја одразува и цврстата определба на Народната банка за постојано вложување во ресурси за унапредување на интерните системи со цел да биде во чекор со најновиот технолошки развој во финансиската и особено во платежната сферапреку веќе воспоставените решенија за електронско банкарство за плаќањата на државата и државните органи.

Во конкуренција за наградата секоја година се голем број институции и компании со коишто „Комерцбанк“ соработува на меѓународно ниво, а се доделува исклучиво на оние коишто имаат достигнато многу високо ниво на квалитет во областа на плаќањата.

Соработката меѓу Народната банка и „Комерцбанк“ од Германија е во доменот на извршувањето на платниот промет со странство за државата и државните органи, како и во процесот на порамнување трансакции поврзани со управувањето со девизните резерви, каде што „Комерцбанк“ е кореспондентна банка на Народната банка за прекуграничните плаќања.

Народната банка и натаму ќе биде посветена на унапредување на квалитетот во сферата на плаќањата и финансиските трансфери, а веќе активно се работи и на нова стратегија за развој на платниот систем, којашто ќе ги дефинира стратешките насоки на дејствување во следните пет години, насочена пред сè кон спроведување на новата законска рамка со која се усогласуваме со регулативната рамка на ЕУ во платежната сфера. Ова ќе даде поттик за зголемување на иновациите, конкуренцијата и дигитализацијата на плаќањата.

НБРМ

Комитетот за финансиска стабилност: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен

Објавено

на

И по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај!

Објавено

на

На прес конференција за јавноста, Народната банка објави дека ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје.  (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

Објавено

на

На 11 август 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно