Connect with us

НБРМ

Народната банка даде зелено светло за нов “мораториум” на кредитите до март 2021 година

Објавено

на

Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризатa, Народната банка одржа неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со втор период на одложена отплата на обврските на клиентите по основ на кредит. 

По завршување на анализите и по неколку одржани состаноци со претставници на МБА, донесени се следниве заклучоци:

Со регулаторните измени коишто ги донесе Советот на Народната банка, предвидено е дека банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид-19.

Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредиттреба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје.

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата.

Народната банка постојано ги следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и доколку биде потребно, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да реагира со натамошни мерки, во согласност со своите надлежности.

НБРМ

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“.  Во рамките на панел-дискусијата беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната состојба во економијата и нејзиното закрепнување, динамиката на инфлацијата, а особен акцент беше ставен на оцената на ефектите од мерките преземени досега од централната банка за ублажување на ефектите од пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ќе ги обнови оштетените банкноти со нови на кои ќе го има новото уставно име

Објавено

на

Придавката „Северна“ на новите банкноти ќе ја чини Народната банка 2,2 милиони евра. Руското акционерско друштво „Гознак“ ќе ги изработува книжните пари од 100 апоени, a за услугата ќе наплати 400.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно