Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

“Направи Пауза” – Нов иновативен производ од Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка ги информира граѓаните дека почнувајќи од 01.06.2018 година воведува нов единствен и иновативен производ на пазарот во Македонија со можност за паузирање на месечните рати од отплатата на кредитот.

Направи пауза“ e новиот ненаменски потрошувачки кредит за физички лица кој овозможува да го прескокнете отплаќањето на месечните рати, кога Вам ви одговара. Максималниот број на прескокнати рати во текот на отплата на кредитот изнесува три.

Максималниот износ на кредитот е до 300.000,00 денари, со рок на отплата до 48 месеци. Каматната стапка е фиксна во текот на целосната отплата на кредитот и изнесува 6% за клиентите кои ја добиваат платата преку Силк Роуд Банка.

Искористете го промотивниот период до 31.08.2018 година и аплицирајте во најблиската експозитура на банката без трошоци за провизија и надомест за разгледување на барањето.

Дознајте повеќе на веб страната на банката www.srb.mk.

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Како најлесно до сопствен дом? Кои чекори треба да ги поминете за да добиете станбен кредит?

Објавено

на

Кога размислуваме за својата иднина, а, секако, и за иднината на своето семејство, она што прво ни паѓа на ум е топол дом по своја мерка. Меѓутоа, не е секогаш едноставно да дојдеме до сопствен дом, но и доколку ја донесеме одлуката, прашањето што најчесто нè мачи е „од каде да почнеме?“ – избор на стан/куќа, извор на средства, кој е првиот чекор за добивање станбен кредит итн. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка воведе нов Брз потрошувачки кредит

Објавено

на

НЛБ Банка воведе нов НЛБ Брз потрошувачки кредит кој се одобрува и исплаќа за само 1 час. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange