Connect with us

Странски банки

Наместо 120, барел нафта до крајот на годината ќе чини 65 долари!?

Објавено

на

Цената на суровата нафта би можела да падне на 65 долари за барел до крајот на оваа година и да продолжи да паѓа на 45 долари до крајот на 2023 година доколку дојде до рецесија, која по дефиниција ја поткопува побарувачката, проценува американската банка „Citigroup”.

Ова сценарио се заснова на претпоставката за отсуство на каква било интервенција од страна на производителите од нафтената група ОПЕК+ и пад на инвестициите во нафта, наведуваат аналитичарите на „Citigroup”, пренесува „Bloomberg“.

Цената на глобалната референтна нафта Брент, според последните достапни податоци, изнесува 113,7 долари за барел, а американската нафта WTI се тргува за 110,1 долар за барел.

Анализата на „Citigroup” ја споредува моменталната состојба на енергетскиот пазар со кризата од 1970-тите. Засега економистите на оваа банка не очекуваат САД да западне во рецесија.

„Што се однесува до нафтата, историските факти сугерираат дека побарувачката за нафта станува негативна само за време на најлошите глобални рецесии”, велат аналитичарите на „Citigroup” во извештајот.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно