Connect with us

Останато

Намалување на трошоците: Граѓаните ќе плаќаат помала нотарска награда

Објавено

на

Намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред нотарите е главна цел на предложените измени на Законот за нотаријатот, потенцира министерката за правда, Рената Дескоска, на јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, организирана од страна на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според министерката Дескоска, станува збор за намалување на трошоците во постапките пред нотарите за најсиромашните граѓани, кои не може да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

За сметки за вода, смет, телефон и одржување заеднички простории во висина до 6.000 денари нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и парно до 15.000 денари. Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата што имаат неплатени сметки до одреден износ. Обврската на плаќање судска такса отпаѓа – тоа ќе биде дополнително олеснување на трошоците на граѓаните.

Како дополнување на намалувањето на трошоците за горенаведената категорија граѓани, една од клучните измени, според министерката Дескоска, е намалувањето на нотарската награда, која со предложените измени ќе биде 10%, но не повеќе од 500 денари, па, така, доколку долгот е 1.000 денари, надоместокот за нотар ќе биде 100 денари. Ако долгот е 10.000 денари, надоместокот нема да биде 1.000, туку 500 денари.

Останато

5 совети за шопинг на Black Friday!

Објавено

на

Додека шопингот на Black Friday може да изгледа како бурен и стресен процес, сакаме да ве известиме дека не мора да биде баш така. Добрата вест е дека ние направивме истражување и навистина го смаливме целиот процес во прилично компактен водич кој не само што може да се искористи на Black Friday, туку и навистина секој шопинг.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Што е Ravencoin и зошто е важен во светот на криптовалутите?

Објавено

на

Единствената цел на Ravencoin е да овозможи трансфер на средства од една личност на друга преку блокчејн технологија. Ravencoin користи уникатен ASIC резистентен алгоритам наречен x16r. Ravencoin е отпорен на ASIC затоа што постојано го менува редоследот на алгоритмите на хаширање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Остар пад на акциите на Волстрит

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange