Connect with us

Останато

Намалувањето на инфлацијата во САД ја забави побарувачката за злато

Објавено

на

Цените на златото се намалија на азиското тргување денеска, бидејќи инвеститорите го одмеруваа влијанието што може да го има заладувањето на американската инфлација врз идните одлуки за монетарна политика на Федералните резерви.

Златото скокна прво во средата, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека ФЕД може да биде помалку агресивен со зголемување на каматните стапки.

Вчера цената на овој благороден метал најпрвин порасна за дури 0,8 проценти на 1.807,93 долари, највисоко ниво од 5 јули, по што почна да се менува и заврши со пад од 0,1 проценти.

Златото денеска го продолжи својот надолен тренд на берзата во Сингапур, каде при тргување на самото место цената падна за 0,3% на 1.786,26 долари за унца рано попладне по локално време, пишува „Bloomberg”.

Послабнаа и цените на среброто и паладиумот, додека платината зајакна.

Некои трговци ги намалија проценките за зголемување на основната каматна стапка на ФЕД и сега гледаат зголемување на стапката за половина процентен поен како најверојатен исход од состанокот на американската централна банка следниот месец, откако претходно очекуваа уште три четвртини од процентен поен.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно