Connect with us

Форекс

Намалувањето на залихите во САД доведе до пораст на цената на нафтата на светските берзи

Објавено

на

Цените на нафтата се зголемија на ниво од над 30 долари на меѓународните пазари во четвртокот, како последица на намалувањето на американските залихи на нафта и прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за пад на светските залихи во втората половина од годината.

На лондонската берза цената на барелот се зголеми за 1,17 долари во однос на претходниот ден, на ниво од 30,36 долари. Барел нафта на американскиот пазар се тргуваше по цена од 26,39 долари односно 1,1 американски долари повисоко од ден претходно.

Оптимизмот за висок скок на цената на нафатата е малку „пригушен” од појавата на нови случаи на „Ковид-19“ во Јужна Кореја и Кина, што го разгорува стравот од можен втор бран на вирусната инфекција и стишување на првите знаци на економско закрепнување и зголемената побарувачката за нафтени деривати.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) повторно предвиде рекорден пад на побарувачката за нафта во 2020 година, иако малку ја намали проценката за падот како резултат на олеснување на мерките за карантин.

Вниманието на инвеститорите го привлече проценката на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека глобалните залихи на сурова нафта ќе се намалат за околу 5,5 милиони барели на ден во втората половина од годината.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) процени дека глобалната побарувачка за нафта во 2020 година ќе се намали за 9,07 милиони барели на ден, повеќе од досегашните предвидувања.

Форекс

Петкратно поголем интерес од инвеститорите за македонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675%

Објавено

на

Република Северна Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година. Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Covid-19 кризата – најголемата економска криза после Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Видео конференција за регионалниот проект за инвестициски анализи

Објавено

на

По повод официјалното започнување на новиот регионален проект за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании во регионот на ЈИЕ, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), беше одржана видео конференција. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Најтргувани акциите на ОКТА и Алкалоид, еврото со вредност од 61.6950 денари

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно