Connect with us

Останато

Намалени продажни цени на индустриските производи на странските пазари

Објавено

на

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 1% на месечно ниво, а се повисоки за 0,8%  на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,1 %.

Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за седум отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 %.

Државниот завод за статистика објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски за 0,4% на месечно, а се повисоки за 0,7 % на годишно ниво.

Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5%, а се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 %.

Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,  вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,4 % и во секторот Преработувачка индустрија за  0,9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,3 %.

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Падот на вредноста на биткоинот довел до депресија и разводи

Објавено

на

Несомнено, биткоинот им го променил животот на многу луѓе. Токму кога вредноста на биткоинот вртоглаво растеше, луѓето почнаа да ја инвестираат нивната заштеда и да подигаат кредити. И покрај сите предупредувања дека овој бизнис е ризичен, сите кои вложуваат во биткоинот наидоа на сериозни проблеми кога неговата вредност вртоглаво падна. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange