Connect with us

Останато

Над 400 продадени станови за две години: Cushman & Wakefield / FORTON MKA број еден продажен партнер за инвеститорите

Објавено

на

Со просечно 17 продадени станови по месец само во последните две години во станбениот комплекс Cevahir Sky City, FORTON MKA цврсто останува број еден продажен партнер на инвеститорите.

Како премиум компанија за посредување и консалтинг и ексклузивен продажен агент на Cevahir Sky City, FORTON MKA успеа за кратко време да постави рекорди на пазарот на станбени недвижнини. Само во последните две години, продадени се 400 станови од страна на оваа компанија.

Постигнатите резултати, велат од FORTON MKA во добар дел се резултат на примена на најсовремени софтверски решенија и продажни техники за следење на потребите на потенцијалните купувачи како и професионалниот пристап на тимот што работи на проектот Cevahir Sky City.

Во кулите А и Б во кои има вкупно 668 станови, свој дом најдоа повеќе од 1700 луѓе. Во овие две згради преку 90% од апартманите добија свои сопственици, a просечната продажна цена за м2 станбен простор изнесува 1023 евра.

Наскоро се планира отворање на продажбaта и на третата од четирите згради, зграда Ц за која веќе постои одличен интерес. Нови дополнителни 334 стaнови од 50 до 162 м2 ќе им бидат достапни на потенцијалните купувачи.

Во зградите на комплексот станарите имаат базен, фитнес и велнес центар што дава посебен квалитет на секојдневното живеење.

Според продажната статистика, најбарани се становите помеѓу 50 и 70 м2 а особено повисоките катови што на станарите им нудат нескојдневен поглед на градот.

Останато

МојДДВ #МојаНаграда: 15 граѓани кои скенирале сметки во април, мај и јуни, добија по 100.000 денари

Објавено

на

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Објавено

на

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%. За да се информира јавноста што се спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно