Connect with us

Осигурување

Над 278.000 граѓани го осигурале животот, за шест месеци вложиле една милијарда денари

Објавено

на

Бројот на граѓани кои го осигурале својот живот според најновите податоци надмина 15 отсто од целото население, согласно со податоците од последниот попис спроведен лани. Од сите осигуреници 82 отсто имаат полиси со кои е осигурана смртта, но средствата не се враќаат на осигуреникот доколку ризикот не се случи. Другите 18 отсто вложуваат во осигурување живот со штедна компонента кое овозможува да ги добијат парите со одредена добивка по истекот на договорот за осигурување живот.

Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување во првите шест месеци годинава надминаа 1 милијарда денари (17,3 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од истиот период претходната година. Од почетокот на годинава па до крајот на јуни склучени се над 34.000 договори за осигурување што е за 24,5 отсто повеќе во однос на претходната година, а полиси за осигурување живот имаат повеќе од 278.000 граѓани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Од вкупниот број полиси дури 229.000 се за таканаречено ризико осигурување. Кај овој тип осигурување во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија. Бројот на граѓани кои имаат ризико осигурување пораснал за нешто повеќе од 29.000 во првите шест месеци годинава.

Од сите договори за осигурување живот над 45.000 се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти.

Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во овој тип на осигурување има над 11.600 полиси.

Петте компании за осигурување живот во првите шест месеци годинава исплатиле вкупно 345 милиони денари (5,6 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на ризик смрт.

Компании

Дата Mастерс и Триглав Живот во деловно партнерство во животното осигурување

Објавено

на

Македонската консултантска компанија Дата Мастерс која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон и брои над 50+ консултанти кои работат на домашни и светски Data Science проекти во неколку различни домени како што се финансии, малопродажба, телекомуникации и човечки ресурси одлучи да ја збогати програмата на бенефити за вработените токму преку соработка со Триглав Осигурување Живот, што го потврдува сè поголемиот интерес за овој вид на осигурување кај компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Склучено партнерство за соработка помеѓу Триглав осигурување Живот и Силк Роуд Банка – полесен пристап на клиентите при склучување на животно осигурување

Објавено

на

Банкоосигурувањето како иновативно и стратешко партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија. Полисата за осигурување на живот многупати се докажала како финансиски инструмент со многу привилегии, па затоа Силк Роуд Банка АД Скопје во својата палета на производи вклучи и небанкарски производ – осигурување на живот за корисници на кредит со полиса од Триглав осигурување Живот АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

За девет месеци се зголеми обемот на работење, добивката е на минатогодишното ниво

Објавено

на

Групацијата Триглав постигна добри резултати во првите три квартали оваа година и покрај отежнатите услови за работа. Во споредба со истиот период минатата година, ги зголеми вкупните приходи за 10% на 1.241,1 милиони евра, оствари поволна вредност на комбинираниот коефициент од 89,5% и обезбеди 89,2 милиони евра профит пред оданочување, што е 3 проценти помалку од истиот период минатата година. Резултатите оваа година се под влијание на зголемениот обем на работа, успешното управување со инфлацискиот притисок и другите влијанија од животната средина, како и поинтензивните оштетни побарувања и негативните приноси на финансиските вложувања. Групацијата ја задржа својата финансиска моќ со капитална адекватност во својот целен опсег. Се проценува дека оваа година ќе го постигне планираниот годишен профит, но истовремено предупредува дека ризиците од постигнување на целната добивка се значително зголемени поради негативните влијанија од деловното опкружување. Во следната година, се очекуваат многу отежнати услови за работа, во кои што доследно ќе ги спроведува своите стратешки развојни активности, ќе го зголеми обемот на работа, ќе ја задржи финансиската моќ и ќе работи безбедно и профитабилно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно