Connect with us

Домашни банки

Над 200 корисници ја покажаа својата креативност и се вклучија во Halk Huawei App Screenshot предизвикот

Објавено

на

Над 200 корисници на Huawei мобилни телефони кои од Huawei AppGallery ја имаат симнато апликацијата за мобилно банкарство на Халкбанк, се вклучија во предизвикот Halk Huawei App Screenshot кој траеше од 12 до 21 март, а чиј организатор беше Халкбанк АД Скопје.

Предизвикот се состоеше од создавање интересна позадина на Huawei смартфон на која требаше да биде вклучена апликацијата за мобилно банкарство на Халкбанк, а најкреативниот корисник, кој го одбра тричлената комисија, го доби новиот смартфон Huawei P40 Pro.

Оние кои се вклучија во предизвикот требаше да се регистрирани на социјалните мрежи Facebook или Instagram, да го следат профилот на организаторот, да направат оригинална screenshot фотографија на својот Huawei уред на која е прикажана Халк мобилната апликација за Huawei и истата да ја споделат во коментар на Facebook објавата или да ја постават на Instagram story со таг @halkbank.skopje, а објавата да е достапна јавно и видлива за сите корисници на мрежата.

Предизвикот наиде на голем интерес, а учесниците ја покажаа својата креативност создавајќи најразлични интересни позадини. Беа објавени 82 коментари на Facebook и 23 Instagram stories, а објавата допре до 18.411 луѓе, што е најдобар доказ за големото интересирање за Предизвикот.

Глобалната продавница за апликации AppGallery на Huawei е паметен и иновативен екосистем кој им овозможува на развивачите ширум светот да создадат уникатни искуства за потрошувачите. Единствената HMS Core овозможува апликациите да се интегрираат на различни уреди, обезбедувајќи поголема удобност и спокојно искуство, како дел од пошироката стратегија 1+8+N на Huawei. Со AppGallery, визијата на компанијата е да имаат отворена, иновативна платформа за дистрибуција на апликации што е достапна за потрошувачите, а во исто време, строго ја штити нивната приватност и безбедност, обезбедувајќи единствено и паметно искуство. Бидејќи е една од првите три продавници за апликации на глобално ниво, AppGallery нуди широк спектар на глобални и локални апликации во 18 категории, вклучувајќи навигација и транспорт, вести, социјални медиуми и многу повеќе. AppGallery е достапна во повеќе од 170 земји и региони со над 530 милиони активни месечни корисници на глобално ниво. Од јануари до септември 2020 година, вкупните преземања од AppGallery достигнаа 384,4 милијарди пати и Huawei соработуваше со 2,3 милиони развивачи низ целиот свет.

AppGallery на Huawei постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од земјите во кои работи компанијата е обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини. Меѓу нив е и услугата мобилно банкарство на Халкбанк која овозможува корисниците да имаат увид во своите сметки и да вршат трансакции на брз и едноставен начин. Апликацијата за мобилно банкарство на Халкбанк од Huawei AppGallery ја имаат преземено над 3.300 корисници на мобилни телефони на Huawei.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно