Останато
Над 20 милиони денари приливи од камати во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус


Сава пензиско друштво редовно ги информира членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, за пристигнатите приливи од инвестираните средства.
Средствата на членовите се инвестираат во акции, обврзници, депозити и останати хартии од вредност дома и во странство. Портфолијата на пензиските фондови се балансирани и содржат повеќе и помалку ризични инструменти.
Според последните податоци кои ги има објавено Сава пензиско друштво во периодот од 01.07.2020 до 10.07.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд има пристигнато приливи од камати во износ 2.535.431,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 19.950.009,00 денари.
За истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од дивиденда во вкупен износ од 67.903,37 евра и 22.856,67 долари од кои:
– 54.614,04 евра, од инвестираните средства во компанијата AXA SA;
– 13.289,33 евра, од инвестираните средства во компанијата Lvmh Moet Hennessy Louis Vuitton SA;
– 11.267,17 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF;
– 11.589,50 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF.
На сметката на Сава пензија плус во периодот од 01.07.2020 до 10.07.2020 година пристигнати се приливи од камати во износ од 54.936,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 414.000,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус пристигнати се приливи од дивиденда во вкупен износ од 1.684,27 евра и 1.384,46 долари од кои:
– 1.366,03 евра, од инвестираните средства во компанијата AXA SA;
– 318,24 евра, од инвестираните средства во компанијата Lvmh Moet Hennessy Louis Vuitton SA;
– 1.122,70 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF;
– 261,76 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Iboxx Investment Grade Corporate Bond ETF.
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата, како и за тоа во кои финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата можете да најдете во редовните квартални извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk.
Дополнително членовите на пензиските фондови редовно се информираат за сите пристигнати приливи и преку мобилната апликација Сава пензиско план. Мобилната апликација е бесплатна и може да ја користи секој член на пензиските фондови.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје