Connect with us

Анализи

Над 140 милиони евра потрошени на недвижности – Што и каде најмногу се купува

Објавено

на

Пазарот на недвижности и натаму бележи високи стапки на приноси гледано според податоците за третиот квартал од 2019 година кога за само три месеци биле потрошени импресивни 142 милиони евра.

Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, македонските граѓани најмногу вложиле пари во купување на станови, односно од оваа сума 80 милиони евра се наменети за живеење во зграда.

Најатрактивни за купување биле становите во општина Карпош каде биле продадени вкупно 239 станови. Аеродром и натаму е една од најбараните скопски општини за живеење со 213 продадени станови, следува Центар со 142 продадени станови и Кисела Вода каде се продале 123 станови.

Надвор од Скопје најголем интерес за купување на стан има во Охрид споредено со останатите градови каде во текот на летната сезона биле продадени 123 станови, а зад него се Куманово каде имало интерес за 83 станови и Тетово со продадени 81 стан.

Далеку помал е интересот за купување на куќи, па така за јули, август и септември минатата година биле потрошени околу 17 милиони евра, но со нив се откупени вкупно 192 илјади метри квадратни, додека пак вкупната станбена површина во згради изнесува 116 илјади м2.

Најмногу куќи се продале на пазарот на недвижности во Битола, вкупно 30, потоа во Струга и Кичево по 24 куќи, додека најмногу продадени куќи во скопска општина има во Карпош односно вкупни 23 куќи. Во Чаир се продале 15 куќи, во Центар 14 куќи, а во Гази Баба и Кисела вода се продале по 12 куќи.

Во поглед на цената на метар квадратен убедливо и натаму најскапо е да се купи стан на територија на општина Карпош каде и побарувачката е најголема иако податоците на Агенцијата за катастар на недвижности се однесуваат на просечните цени, односно на други локации особено во Центар може да се најдат и многу поскапи цена каде м2 е над 1400 евра.

Така според податоците просечната цена на м2 во Скопје највисока е во општина Карпош, каде стан се продава за 60,398 денари по квадрат, за во Центар просечната цена на м2 на становите изнесува 59,855 денари, а во Аеродром во просек м2 чини 50,739 денари.

Поевтини скопски општини за купување станови се Гази Баба со просечна цена од 45,001 денар за м2 и Ѓорче Петров со 41,202 денари м2.

Во внатрешноста на Македонија највисока просечна цена држи пазарот на недвижности во Охрид со 46,571 денари за м2, во повеќето поголеми градови просечната цена се движи околу 30 илјади денари, а најниска просечна цена според податоците има во Штип каде м2 изнесува 26,780 денари.

Анализи

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Објавено

на

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно