Осигурување
Над 114.500 граѓани лани купиле полиси за здравствено осигурување


Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување минатата година се зголемил за 5 кратно во споредба со 2019 година, покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година.
Вкупно 114.559 граѓани минатата година одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица. Во своите полиси за здравствено осигурување минатата година граѓани вложиле 4,45 милиони евра и тоа е за 44,8 проценти повеќе од бруто полисираната премија (вредност на продадени полиси) во претходната година. Полисите за здравствено осигурување лани го продавале 10 компании за неживотно осигурување.
Влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19, но и добрите корпоративни практики на се повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени. Лани компаниите за неживотно осигурување на своите осигуреници им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милиони евра врз основ на покритијата од полисите за здравствено осигурување. Во споредба со 2019 година износот на бруто исплатени штети кои компаниите ги платиле на осигурениците се зголемил за 44 проценти. АСО апелира до сите потенцијални осигуреници при изборот на осигурително друштво особено да обрнат внимание на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали, заради актуелниот момент, се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.
Осигурување
Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци


Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје


Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. (more…)
Домашни банки
СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови поволности и привилегии за клиентите


ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје