Connect with us

Домашни банки

Над 100.000 граѓани останаа без плата и пензија поради затворањето на Еуростандард банка

Објавено

на

Затворањето на Еуростандард банка АД Скопје остави без пари над 100.000 граѓани коишто своите приходи ги земале на трансакциска сметка во банката.

Сметките на граѓаните и фирмите кои соработувале со Еуростандард банка АД Скопје им се блокирани и тие во моментов не можат да располагаат со своите средства. Голем дел од нив револтирани бараа решение пред вратите на експозитурите на Еуростандард банка,чиишто експозитури се пломбирани од Народната банка. Граѓаните лути и бесни велат дека немаат резервни приходи за да го преживеат месецов.

На овие пари ќе можат да сметаат во рок од 20 дена. Граѓаните треба веднаш да си побараат друга банка, бидејќи во спротивно и следните уплати кои ќе им стигнат, нема да може да ги користат.

Во меѓувреме Народната банка ги извести  да отворат транскациски во други банки и да ги известат ПИОМ, социјалното и работодавецот дека приходот  треба да го префрлат кај друга банка. Но, граѓаните треба да добијат исписница од Еуростандард банка, за да одат во друга банка. Директорот на Фондот, вели нема простор за паника, се ќе се среди во законските рокови.

 

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно