Connect with us

Странски банки

Над 1.000 европски финансиски институции бараат пристап до Обединетото Кралство по Брегзит

Објавено

на

Извештај на консултантската фирма Бовил открива дека над 1.441 банка и други финансиски институции од ЕУ побарале дозвола од британските власти да отворат канцеларии и седишта во Обединетото Кралство по Брегзит за да можат да продолжат соодветно да ги служат британските клиенти.

Податоците објавени денеска во извештајот доаѓаат од официјалните британски финансиски власти и покажуваат дека и покрај стравувањата Лондон и по Брегзит ќе остане клучен светски финансиски пазар.

Обединетото Кралство треба официјално да истапи од ЕУ на 31 јануари по што треба да започнат трговските преговори помеѓу двата блока за идното партнерство. Финансискиот пазар и пристапот до него ќе биде едно од најважните поглавја во овие преговори.

Според извештајот 228 финансиски институции од Ирска побарале дозвола да отворат канцеларии во Обединетото Кралство, 170 од Франција, 165 од Кипар и 149 од Германија.

До сега ЕУ и Обединетото Кралство имаа непречен взаемен пристап до пазарите, што нема повеќе да биде случај по Брегзит.

Над триста финансиски институции од Британија побараа дозвола да продолжат да работат во Европската Унија исто така.

-Ова е јасно гласање на доверба во британскиот сектор на финансиски услуги и добра вест за британската економија на услуги генерално, изјави Мајк Џонсон од консултантската фирма Бовил.

Тој додаде дека овие податоци покажуваат дека “Лондон останува единствениот вистински глобален финансиски центар во Европа и дека фирмите на континентот со глобални аспирации ќе продолжат да имаат потреба да водат бизнис овде“.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно