Connect with us

Криптовалути

Над две третини од луѓето не се заинтересирани за купување на биткоини

Објавено

на

Независно од поскапувањето што го забележа биткоинот во последниве недели, истражувањето на „Gallup“ и „Wells Fargo“ потврди, дека додека едни тврдат дека еден ден најпопуларната криптовалута може да биде столбот на глобалниот систем за плаќање, тоа други се уште не можат да го прифатат како можност за инвестирање, објави „Market Watch“.

Од 96% од испитаниците во САД, кои учествувале во анкетата и потврдиле дека имаат слушнато за биткоинот, излегува дека само 2% поседуваат единици од дигиталните пари, додека 72% посочија дека немаат интерес за купување.

„Биткоинот се уште не се пробил меѓу поширок круг од инвеститори во САД“, објаснува Лидија Саад од „Gallup“. Таа го поддржува тврдењето со податоци од истражувањето, според кои само 3% од мажите и 1% од жените изјавиле дека поседуваат биткоини.

Кај возрасната граница ситуацијата е слична – 3% од луѓето помеѓу 18 и 49 години и 1% од оние над 50 години изјавуваат дека купиле од најпопуларната криптовалута.

„Поседување на биткоин е почесто меѓу побогатите инвеститори“, објаснува уште Саад.

Според резултатите од истражувањето на „Gallup“ и „Wells Fargo“, 75% од испитаниците го сметаат биткоинот за многу ризичен, а 23% за ризичен до одреден степен.

Истражувањето е спроведено меѓу 1.921 американски инвеститори на возраст над 18 години во периодот 7-14 мај.

 

Криптовалути

Биткоинот повторно доживеа поголем пад

Објавено

на

Вредноста на најпопуларната криптовалута во светот,Биткоин, оваа недела забележа пад под 6.000 долари, што е најниска вредност на биткоинтот годинава. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалута за безбедна трговија која се развива во Белград стана достапна за “рударење”

Објавено

на

На почетокот на септември, Balkaneum ја претстави својата “Main Net” врз основа на блокчејнот Safex. Сега, Safex Cash исто така се минира како нова валута, која ќе биде средство за плаќање, а со тоа и основа за размена на стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Легард: Централните Банки треба да размислат за издавање дигитални валути

Објавено

на

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange