Домашни банки
Надградба и осовременување на дигиталните канали на комуникација и оператива ќе бидат во фокусот на Стопанска банка АД – Скопје


Заклучно со третиот квартал на годината Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 2.014.732 илјади денари, која во однос на истиот период од минатата година е повисока за 28%.
Подобрување на резултатите од работењето има речиси кај сите позиции, пред сè, како резултат на воспоставениот бизнис-модел на Банката, приспособен на потребите на клиентите и на пазарот.
Вкупната актива на Банката на 30.9.2021 година изнесува 106.840.438 илјади денари.
Очекувања за претстојниот период
Како и во досегашниот период, Стопанска банка АД Скопје продолжува со целосна поддршка на сите свои клиенти со понуда на производи и услуги што соодветствуваат на потребите на пазарот.
Во согласност со својата деловна стратегија, Банката продолжува со одржување на своето високо пазарно учество од околу 27% во сегментот на кредитирање население, како и трендот на зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите, кое во периодот 1.1. – 30.9 2021 година бележи зголемување од 14,37% на
15,14%.
Како и досега, надградбата и осовременувањето на дигиталните канали на комуникација и оператива ќе бидат приоритет во проектното портфолио на Банката. Секако, грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите продолжува да биде примарен фокус на менаџментот, како и во досегашниот период.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје