Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Наградни игри

Наградна игра “СЕКОЈ ДОБИВА” со новите бесконтактни Mastercard картички на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје започна наградна игра “Купувај едноставно и брзо со картичките на Капитал Банка”. Следејќи ги пазарните трендови Капитал Банка воведе можност за бесконтактно плаќање со платежните картички од брендот на MasterCard.

Купувај #бесконтактно и добиј патување во Кападокија и други вредни награди! Секој добива!

Наградната игра трае во периодот од 15.09 до 15.12.2019. Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на картичките на Капитал банка, кои имаат направено вкупно 10 трансакции за времетраењето на наградната игра во вкупен износ од најмалку 10.000 денари (со било која од Mastercard Contactless картичките на Капитал Банка во земјата и странство).

Главната награда е Патување за двајца во Кападокија, како и голем број на други награди.

Клиентите на Капитал банка, одсега може да уживаат во едноставноста и брзината што ги прават бесконтактните плаќања удобни и комфорни. Тргнувајќи од континуирана грижа за своите клиенти, Капитал банка воведе бесконтактни плаќања со кои се обезбедува поголема практичност и физичка безбедност. При процесот на плаќање картичката е во рацете на корисникот, без можност некој да ги види или злоупотреби податоците од картичката. Известувањето преку СМС порака при секоја успешна трансакција, на корисниците дополнително им дава сигурност во користењето на картичката, како и подобар увид на реализираниот промет со истата.

Новиот модерен дизајн, како и функционалноста, ги прави препознатливи новите картички на Капитал Банка, кои се веќе достапни по најповолни услови на пазарот.

Кредитните картички на Капитал Банка ги имаат следните карактеристики:
– Бесконтактно плаќање
– Купување во трговија без провизија
– Без членарина во првата година
– Грејс период од 45 дена, без трошоци
– Минимален процент на месечна отплата на искористениот износ од 3%
– Бесплатно СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
– Минимална документација при аплицирање и брз одговор
– Можност за учество во наградна игра

Алицирајте веднаш и искористете ги поволностите! Добијте дебитна или кредитна картичка без чланарина и уживајте во сите придобивки.

Сите корисници на активна платежна картичка од Капитал Банка, промотивно до 30.11 можат БЕСПЛАТНО да ја променат за нова бесконтактна Mastercard кредитна или дебитна картичка!

Наградни игри

МФ и ФИТР организираат ФинХакатон за МојДДВ, #МојаНаграда

Објавено

на

Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до 1 декември ќе организира ФинХакатон2 чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра “МојДДВ, #МојаНаграда”. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Извлечен четвртиот добитник од наградната игра „Биди VISA милионер“ на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја извлече и четвртата награда од неделните извлекувања на наградите од по 75.000мкд во рамки на наградната игра „Биди VISA милионер“. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Наградна игра „Feel good Friday со Mastercard картичките на Шпаркасе Банка“

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ја започна новата наградна игра „Feel good Friday со Mastercard картичките на Шпаркасе Банка(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange