Наградни игри
Наградна игра на УНИБанка – „КЕШБЕК ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ!“

Наградната игра „КЕШБЕК ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ!“ е организирана од страна на УНИБанка АД Скопје. Наменета е за физички лица-корисници на дебитни картички од брендот Mastercard издадени од УНИБанка АД Скопје, а се спроведува на сите продажни места и во електронска трговија (плаќање на интернет) во Република Северна Македонија, каде се прифаќаат горенаведените картички.
Наградната игра ќе започне на 01.08.2022 година и ќе трае до 31.10.2022 година.
Поврат на средства (cash back) во висина од 1.000,00 денари ќе се доделува на месечно ниво на првите 150 корисници кои со поединечна картичка ќе извршат 10 (десет) поединечни трансакции месечно, секоја во износ еднаков или поголем од 500,00 денари на продажни места и во електронска трговија (плаќања на интернет) во земјата.
За целиот период на траење на наградната игра ќе се изврши поврат на средства на вкупно 450 клиенти. Еден учесник има право само еднаш да добие награда (поврат на средства) со една картичка. Доколку се случи некој од учесниците да го исполни условот повеќе пати со иста картичка, награда (поврат на средства) ќе добие следниот учесник кој го исполнува условот.
Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст на денот на извршување на првата трансакција), кои се корисници на Mastercard дебитна картичка (основна или дополнителна) издадени од УНИБанка АД Скопје.
Учесниците имаат можност да го откажат своето учество во наградната игра со поднесување на Изјава за откажување на учество во наградната игра во една од експозитурите на УНИБанка АД Скопје.
Со учество во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на правилата на наградната игра и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.
Наградни игри
Нова наградна игра за корисници на Mastercard кредитни картички од УНИБанка – „ТРОШИ ПОВЕЌЕ, ТРОШИ ПАМЕТНО – КЕШБЕК ОД УНИБАНКА“

Плаќајте со вашата Mastercard Standard или Mastercard Gold кредитна картичка од УНИБанка и квалификувајте се за поврат на средства. Првите 150 во месецот кои ќе извршат 5 трансакции во категориите ресторани, барови, ноќни клубови, хотели, мотели, ресорти или туристички агенции ќе добијат 1.000 денари кешбек! (more…)
Наградни игри
„Подарок со многу нули“ – нова наградна кампања од Халкбанк

Во екот на најеуфоричниот период од годината, кога деновите од календарот се исполнети со датуми што обележуваат многу прослави и празнувања, следствено доаѓа и потребата од пазарување, било за пречекување гости на семејни слави или за пречек на Новата година. Затоа, Халкбанк за своите клиенти повторно подготви кампања со наградување. (more…)
Наградни игри
Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола и VISA

Започна големата наградна игра “VISA и STBBT – СПОЈ ЗА СУПЕР НАГРАДИ’’!
(more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер