Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Наградни игри

Наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

Објавено

на

Сите граѓани кои скенираат фискални сметки и учествуваат во мерката „мојДДВ“, од 25 ноември ќе бидат учесници во наградната игра „МојДДВ, Моја Награда“. Предвидени се награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво и две главни награди. Фондот е 31 милион денари и сите награди се парични.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска тоа е унапредување на мерката мој ДДВ која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.

“Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е еден вид унапедување на мерката која до сега даде резултати. При креирањето на наградната игра тимот кој работеше ги зема предвид и бројните предлози што пристигнаа од граѓаните и задоволство ми е да ви кажам дека добар дел од нив ќе бидат и инкорпорирани во унапреденото решение. Исто така беа земени предвид успешни најдобри практики од други земји. И не само тоа туку одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елеметни кои ќе влијаат на финансиската писменост”, изјави министерката Ангеловска.

Апликацијата мојДДВ има 200 илајди инсталации и на месечно ниво се скенираат над 7,5 милиони сметки од страна на над 150 илјади активни корисници кои скенираат. Министерката потенцира дека на крајот на годината преку оваа мерка кај граѓаните ќе бидат вратени три милиони евра за првите три месеци откако почната мерката.

“Граѓаните ќе добијат парични награди при скенирање на фискалните сметки дополнително од повратот кој е гарантиран и кој изнесува 15 отсто од ДДВ на фискланата сметка. Повратот ќе продолжи, и во декември ќе биде направена првата исплата во износ од три милиони евра назад кон граѓаните, додека со наградната игра овозможуваме дополнително стимулирање и мотивирање на граѓаните да учествуваат во борбата против сивата економија”, појасни министерката.

Таа рече дека при креирање на решението се земени предвид и искуствата од 10 земји, а го наведе примерот на Тајван каде во 1951 година адресира сива економија со наградна игра и ја намалува даночната евазија за 75 отсто и до денес ја корисат

Според министерката е важно да се оди со начин да се наградат граѓаните, а не со казнување. -Да ги наградиме граѓаните кои ќе учествуваат во борбата против сивата економија и кои со ова решение ќе имаат причина плус да ги скенираат фискалните сметка. Кога нема да добијат да побараат, кога нема да добијат да пријават за да може УЈП да постапи. Мерката враќа пари кај граѓаните, ја зајакнува фискалната дисциплина и благодарение на технологиите ќе имаме и едукативна компоненета во целото ова решени, рече Ангеловска.

Наградната игра е на Министертвото за финанси и Управата за јавни приходи, а ќе ја организира Државна лотарија на Македонија. Ќе трае една година.

Наградни игри

Тиго Фајнанс ги прогласи добитниците на вредните изненадувања од натпреварот „Тука е Тиго”

Објавено

на

Вредните изненадувања од Тиго ги развеселија учесниците во големата летна активација #Тукаетиго. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Лажна наградна игра “Ја сакам Комерцијална банка” се појави на Facebook

Објавено

на

Во текот на денешниот ден се појави лажна Facebook страна со име “Komercijalna Banka AD Skopje”, која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Наградна игра на Капитал Банка АД Скопје и Mastercard!

Објавено

на

Капитал банка ја објаи својата нова наградна игра под името “Купувај #бесконтактно и добиј патување во Кападокија и други вредни награди!” (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange