Connect with us

Домашни банки

Наградна игра „Бесконтактно плати и награда фати“ со Mastercard картичките на Комерцијална банка и KomPay

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја започна новата наградна игра „Бесконтактно плати и награда фати“ со Mastercard® картичките издадени од Банката и KomPay“.

Плаќајте бесконтактно и играјте за Toyota Corolla Hybrid или за 90 други награди!

Учествувајте во Наградната игра од 9 декември 2019 до 12 јануари 2020 година преку купување со Вашите Mastercard® бесконтактни картички за физички лица од Комерцијала банка и со мобилната апликација за бесконтактни плаќања KomPay.

Со секоја бесконтактна трансакција со Mastercard® на продажни места во земјава од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка (еден код), а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay, добивате две шанси (два кода).

Колку повеќе бесконтактни плаќања – толку повеќе шанси за награда. Вашите кодови ќе можете да ги видите на изводите од сметката за картичката, преку Интернет банкамБанка или на печатен извод добиен на шалтер.

Бесконтактно плати и награда фати!

ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА со Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка.Од 09 декември до 12 јануари плаќајте бесконтактно и играјте за Toyota Corolla Hybrid или за 90 други награди!Бесконтактно плати и награда фати! Сите потребни информации може да ги најдете на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2481&lang=1&uc=1

Gepostet von Комерцијална банка АД Скопје am Montag, 9. Dezember 2019

Главната награда е автомобил Toyota Corolla Hybrid и Комерцијална банка ќе ја додели на главното извлекување на 22 јануари 2020 година.

Претходно, секоја недела, Банката ќе доделува по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари. Неделните извлекувања ќе бидат на 18 декември 2019 година, 25 декември 2019 година, 2 јануари 2020 година, 8 јануари 2020 година и 15 јануари 2020 година.

Во неделните извлекувања ќе учествуваат сите трансакции (кодови) направени во текот на соодветната недела, а во извлекувањето за главната награда ќе учествуваат сите кодови направени во периодот од 9 декември 2019 до 12 јануари 2020 година до 23:59 часот, кои не се добитни во неделните извлекувања.

Списокот на добитници ќе биде објавен во рок од 3 (три) дена по секое извлекување, на интернет-страницата на Комерцијална банка и на официјалната Facebook страница.

Домашни банки

Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка со ново работно време

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека филијалите низ земјава и дел од експозитурите во Скопје во сабота ќе работат од 09 до 12 часот. Во Скопје, во сабота започнуваат да работат експозитурите КБ1, Бисер, Автокоманда, Цветан Димов и Сити Мол. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Снежана Георгиева предложена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола објави јавен повик за учество на 47-та седница на Собранието на акционери на Банката, закажана за 11.11.2020 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Објавено

на

Повикот за поднесување барање до Развојната банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно