Connect with us

Останато

Награди за 25 жени менаџерки за континуирано успешно менаџирање и справување со ковид-кризата

Објавено

на

Избор на најуспешни жени менаџерки ќе се одржи вечерва 25-ти пат во организација на Агенцијата Марили, којшто ќе биде посветен на 25 жени менаџери кои биле дел од досегашните избори во иминатиот четврт век, а овојпат ќе бидат наградени за нивното континуирано успешно менаџирање, како и успешно справување во услови на ковид-криза.

Избрани се претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании, се со цел да се покаже дека жената менаџер е присутна во сите дејности и на сите нивоа и дека е длабоко втемелена во економскиот развој на државата. Најголем дел од овие компании во оваа и минатата година издвојуваа средства и ресурси за помош на здравствени установи и социјално загрозени граѓани, со што дадоа свој придонес за полесно надминување на последиците од пандемијата.

Менаџерките ќе бидат наградени со мермерни статуетки „Жена водилка”, дело на академскиот вајар Никола Смилков, изработени во Мермерен Комбинат Прилеп.

Покрај овие 25, ќе бидат наградени уште четири жени од други областа кои се успешни и докажани професионалци во својата дејност и се вистински бренд во нашата држава, но и надвор од неа.

Покрај 25-годишнината на Изборот, „Марили” ќе одбележи и 25 години од издавањето на првиот број Бизнис каталогот.

Воведниот дел на каталогот е посветен на 30-годишнината од независноста на нашата земја со наслов: „Три децении самостојна држава – некогаш вековен идеал, денес аманет за идните генерации”. Во него се забележани историски датуми од воспоставувањето на самостојноста и државноста, важни културни и археолошки податоци за нашата самобитност и идентитет, како и податоци за писменоста, фолклорот и обичаите, сето она што нѐ идентификува како посебен народ и култура на европската територија.

Останато

Германија ќе им помага на домаќинствата за плаќање на сметките за струја

Објавено

на

Германија денеска најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија, објавија операторите на преносните системи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СКОПЈЕ СТАНУВА РЕГИОНАЛНА ТРГОВСКА ПРЕСТОЛНИНА – Се отвара ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Објавено

на

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање



Популарно