Connect with us

Домашни банки

Награда од “Commerzbank” за Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е добитник на наградата од „Commerzbank“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери.

Преку бројот на обработени трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ, оваа реномирана деловна банка дава вакви признанија за висока усогласеност со меѓународните стандарди.

Наградата е признание за вложените труд и ресурси од страна на Стопанска банка за постигнување на високо ниво на подготвеност во областа на плаќањата.

Стопанска банка продолжува да инвестира во знаења и размена на искуства со светски реномирани брендови унапредувајќи ги притоа услугите кои ги нуди за своите клиенти. Поддршката на Банката како финансиски партнер е секогаш потребно да биде со врвен квалитет.

Домашни банки

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (14.08.2020) преку брза и едноставна процедура ќе им одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка АД Скопје и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска берза трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство во Берзата

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на Еуростандард банка АД Скопје откако Комисијата за хартии од вредност донесе решение за трајно одземање на дозволата за работа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно