Connect with us

Странски банки

Нагло опаѓање на профитабилноста на банките во еврозоната во вториот квартал

Објавено

на

Профитабилноста на најголемите банки во еврозоната нагло oпадна во вториот квартал, иако кредиторите успеаа да одржат ниско ниво на лоши (нефункционални) кредити, покажува кварталниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ).

Поврат на капиталот (RoE) во првата половина на годината, во екот на пандемијата на коронавирусот изнесуваше само 0,01 процент, наспроти 6,01 проценти во истиот период од минатата година, објави ЕЦБ во квартален статистички преглед.

Во исто време, во најмалку седум земји, од кои 19 во зоната на примена на заедничката европска валута, тој показател има негативен предзнак, се забележува во извештајот.

Ненаплатените или лошите кредити во вториот квартал изнесуваат 503 милијарди евра, што значи дека тие останале близу до нивото во претходните три месеци кога изнесувале 501 милијарда, според податоците на ЕЦБ.

Износот на лоши (нефункционални) кредити не се зголеми значително, веројатно затоа што владите воведоа мораториум за отплата на кредитите и програмите за државни гаранции, што им овозможи на банките да не ги означуваат кредитите како нефункционални.

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)

Објавено

на

Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 104,6 милиони евра

Објавено

на

Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно