Connect with us

Депозити

Навивај од срце, штеди со разум! Стопанска банка а.д. Битола со промотивна кампања за време на Европското првенство во фудбал

Објавено

на

Во пресрет на Европското првенство во фудбал, кога фудбалската еуфорија се чувствува повеќе од било кога, Стопанска банка а.д. Битола воведува промотивен период за орочување на средства со најповолни, фиксни каматни стапки. 

Промотивните услови за орочување започнуваат и траат во периодот како и Европското првенство во фудбал од 11.06.2021 до 11.07.2021 година. Во овој период, во духот на Европското првенство, добивате ПОДАРОК за секој орочен депозит над 500 евра на 25 или 36 месеци со фиксна каматна стапка. 

Каматната стапка за орочување на средства на 25 месеци е фиксна и на годишно ниво изнесува 1,50%, додека на 36 месеци каматната стапка е исто така фиксна и изнесува 2%. 

Повеќе информации за промотивната кампања можете да најдете тука 

Навивајте безусловно и штедете со најдобри услови во Стопанска банка а.д. Битола!

Депозити

Како да го одберете совршениот детски подарок?

Објавено

на

Доколку ги прашате родителите, речиси сите ќе бидат искрени и ќе кажат дека нивното дете има премногу играчки. Без разлика на возраста, секое дете, кога станува збор за роденденски или новогодишни подароци, добива различни играчки кои, откако по извесен период ќе ги „надрасне” или ќе изгуби интерес за нив, само се собираат на куп и создаваат неред. Затоа е многу важно да знаете како да одбрете совршен подарок за дете, подарок кој ќе се разликува и ќе го издржи тестот на времето. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица и изврши промена на провизиите за физички и правни лица

Објавено

на

Почнувајќи од 01.05.2021 година, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР клаузула од 0,05 до 0,2 процентни поени. Новите каматни стапки за депозитните продукти за физички лица се однесуваат за сите  новосклучени договори за депозити, додека кај постојните договори, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Македонците чуваат 4,7 милијарди евра во банките

Објавено

на

Околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки, покажуваат податоците на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање


Популарно