Connect with us

Наградни игри

Набавете зимска опрема за велосипедизам со HalkPay и GarminPay и учествувајте во наградната игра „Активирај Супермоќ“

Објавено

на

Возењето велосипед има бројни придобивки по здравјето на човекот – се грижи за срцето и заштитува од кардиоваскуларни заболувања, помага за губење на килограми, но, исто така претставува и еколошко превозно средство кое ја заштитува животната средина.

Најчесто, велосипед возиме во текот на целата година, на сонце, на дожд, па дури и на минусни температури. Доколку сте решени да возите во зима, тоа што треба да го знаете е дека ви е потребна соодветна зимска опрема. Без разлика колку надвор е ладно, сите ние се заморуваме при педалирање со велосипедот, а тој напор придонесува до потење на телото, затоа, особено е важно за време на студените зимски денови да се користи соодветен вид облека која ќе оневозможи влажниот и студен воздух да допре до телото.

Продавницата и сервис за велосипеди „Probike” располага со голем асортиман на облека за возење и тренинг со велосипед во зимски услови.

„Нудиме зимски капи, ракавици, јакни, блузи, подмаици, зимски хеланки (познати како бициклистички) од брендовите Cube, Bicycle Line, Castelli и Ale. Зимската опрема е произведена од врвни италијански производители со долгогодишно искуство и е изработена од висококвалитетни материјали, кои не дозволуваат потење и пропуштање на ладниот воздух. Исто така, располагаме со кабаници изработени од специјално платно кое не пропушта вода, а се облекуваат како завршен слој врз целата облека за да нè заштитат од дожд“, вели сопственикот на „Probike“, Лазо Миновски.

Доколку сакате да купите зимска опрема, плаќањето можете да го направите и со користење на апликациите HalkPay и GarminPay. Сè што е потребно е да ја преземете HalkPay апликацијата од Google Play Store на мобилен уред со Android оперативен систем, односно Garmin Connect апликацијата на IOS или Android оперативен систем и да ги дигитализирате вашите картички. Со реализација на овој чекор, вашата картичка станува дигитализирана и имате можност да платите со вашиот мобилен уред или вашиот Гармин часовник.

На овој начин со секоја трансакција со картичките од брендот Mastercard на Халкбанк АД Скопје, вие учествувате и во наградната игра „Активирај Супермоќ“ и станувате потенцијален добитник на некоја од 60те вредни награди – 45 ваучери за спортска опрема во износ од по 6.000 денари, 6 часовници Гармин, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипед.

На следниот линк можете да ги добиете сите потребни информации за учеството во наградната игра: https://halkbank.mk/kako-da-ucestvuvam.nspx.

Наградни игри

Нова наградна игра за корисници на Mastercard кредитни картички од УНИБанка – „ТРОШИ ПОВЕЌЕ, ТРОШИ ПАМЕТНО – КЕШБЕК ОД УНИБАНКА“

Објавено

на

Плаќајте со вашата Mastercard Standard или Mastercard Gold кредитна картичка од УНИБанка и квалификувајте се за поврат на средства. Првите 150 во месецот кои ќе извршат 5 трансакции во категориите ресторани, барови, ноќни клубови, хотели, мотели, ресорти или туристички агенции ќе добијат 1.000 денари кешбек! (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

„Подарок со многу нули“ – нова наградна кампања од Халкбанк

Објавено

на

Во екот на најеуфоричниот период од годината, кога деновите од календарот се исполнети со датуми што обележуваат многу прослави и празнувања, следствено доаѓа и потребата од пазарување, било за пречекување гости на семејни слави или за пречек на Новата година. Затоа, Халкбанк за своите клиенти повторно подготви кампања со наградување. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола и VISA

Објавено

на

Започна големата наградна игра “VISA и STBBT – СПОЈ ЗА СУПЕР НАГРАДИ’’!
(more…)

Продолжи со читање

Популарно